Позната е причината за смртта на Дајан Китон: Никако не треба да ги игнорирате овие симптоми!

Последиците може да бидат фатални

Откриена е причината за смртта на Дајан Китон

Со голема тага беше соопштено дека легендарната актерка Дајан Китон починала на 11 октомври на 79-годишна возраст. Нејзината смрт предизвика емотивни реакции меѓу колегите, пријателите и обожавателите ширум светот.

Само неколку дена по нејзиното заминување, семејството објави официјално соопштение за магазинот „Пипл“, откривајќи ја причината за смртта: воспаление на белите дробови.

„Покрај болката поради загубата, семејството Китон е длабоко благодарно за бројните пораки полни со љубов и поддршка што ги добива деновиве во има на својата сакана Дајан, која почина од воспаление на белите дробови на 11 октомври“, пишува во соопштението.

Симптоми на воспаление на белите дробови

Воспалението на белите дробови, особено кај постарите лица, може да биде многу сериозно и брзо доведува до компликации. Затоа, важно е да се препознаат симптомите навреме и да се побара медицинска помош.

Најчести симптоми на воспаление на белите дробови:

  • Кашлица, честопати проследена со слуз или крв
  • Покачена температура и треска
  • Проблеми со дишењето и забрзано срцебиење
  • Болка во градите, особено при дишење или кашлање
  • Замор, слабост и општа млитавост
  • Потење и загуба на апетитот

Кога воспалението на белите дробови може да биде опасно:

  • Кај постари лица и хронични пациенти
  • Ако се појавува отежнато дишење или модрикави прсти и усни
  • Ако температурата не се симнува ни со лекови
  • Ако кашлицата стане интензивна и е проследена со крв

Раната дијагноза и навременото лекување се клучни за превенција на компликации и зачувување на здравјето.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе