Познат руски билјар тврди: Вака најдобро и најбрзо се зајакнува имунитетот!

Рецепти од прва рака

Јакиот имунитет е првата одбранбена линија од сите болести, па затоа добро запомнете ги овие рецепти

Зајакнувањето на имунитетот сè уште е приоритет со оглед на пандемијата на коронавирус. Рускиот билјар Димитриј Јуровски има подготвени одговори на прашањето како да се заштитите од инфекции и да го зајакнете имунитетот со помош на природни лекови.

Димитриј Јуровски е убеден дека сè што треба за јак имунолошки систем се наоѓа во природата и дека треба само да знаете како да ги комбинирате намирниците, зачините и билките. Комбинацијата на овие намирници е одлична превенција од настинки, грип и вируси, тврди тој:

Малина и рибизла

Во 100 мл зовриена вода ставете една лажица мед, една лажица малини, една лажица црна или црвена рибизла. Оставете ја смесата да отстои 15 минути. Консумирајте половина чаша од напивката три пати дневно пред оброк.

Липа и бозел

Една лажица цвет од липа се меша со една лажица цвет од бозел. Прелејте ја смесата со чаша вода и варете ја пет до десет минути. Пијте по една чаша од топлиот чај секој ден.

Мед и лук

Една лажица мед се меша со една лажица ситно сечкан лук. Земајте по една лажица од ова средство со топла вода, секој ден пред спиење.

Цикорија и срценица

Во чаша зовриена вода се става едно лажиче срценица и едно лажиче мелен корен од цикорија. Почекајте да отстои половина час. Консумирајте половина чаша од напивката, три пати дневно.

Урма и млеко

Четири до пет плодови свежа урма се прелеваат со една чаша млеко. Сварете ги на тивок оган, пет до десет минути. Испијте чаша од оваа топла напивка пред спиење.

Рен и мед

Ситно изрендајте корен од рен, ставете го во тегла и додајте малку вода. Добро затворете ја теглата со капак и почекајте еден час. Потоа, процедете го сокот од рен и ставете во него лажица мед. Земајте по една лажица од ова средство наутро и навечер.

Не постои помоќен природен лек за дишните патишта: Ренот ќе ви ја ублажи кашлицата, ќе ви ги прочисти белите дробови и синусите!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.