Покрај оваа билка ниту еден лек нема да ви биде потребен: Лекува гастритис, ја чисти крвта и штити од срцеви болести!

Лековита билка

Треварите излечиле илјадници луѓе со оваа билка

Ајдучката трева е повеќегодишна билка која се смета за една од најлековитите. Многупати се покажала како корисна во итни ситуации, кога било неопходно да се сопре крвавењето и да се залечат раните.

Најчесто цути покрај патишта и на ливади. Покрај тоа што може да ви ја украси градината, ајдучката трева е добро позната во народната медицина.

Ако немате градина, можете да ја одгледувате во саксија на тераса или во помали тегли.

Оваа билка ги смирува мускулите и ги лекува грчевите, овозможува испуштање гасови од организмот, дејствува противвоспалително и ги уништува глистите во цревата.

Го снижува крвниот притисок, ги смирува дигестивните проблеми, како што се надуеност, констипација, желудочни тегоби.

Ја прочистува и ја зајакнува крвта и дигестивните органи, а ефикасна е и во лекувањето црн дроб, слезина, панкреас, жолтица, грозница, срцебиење, болки во ‘рбетниот столб и во грбот, нередовни менструации, несоница, разни јадежи и чиреви.

Најчесто се користи за сопирање крвавење и лекување рани. На пример, можете да ставите свежо или исушено цвеќе од оваа билка на рана што крвави и да притиснете. Најчесто, по само 10-30 секунди раната ќе престане со крвавење, но ова зависи од големината на исекотината. Покрај тоа, служи и за отстранување болка од рани и спречува инфекции.

Некои луѓе џвакаат листови од оваа билка за да ублажат забоболка.

Исто така, се користи и во кулинарството. Свежите листови често се користат во различни видови салати.

Ајдучката трева е одлична за чистење на кожата, особено кај лица што имаат проблеми со масна кожа. Сипете две чаши зовриена вода врз 1 шолја сушено цвеќе од ајдучка трева, оставете да се олади, процедете и нанесете ја на кожата. Ова ќе ви ја смири кожата и ќе ги намали иритациите.

Ајдучката трева може да ги олесни болните менструации. Оваа билка содржи соединенија што се викаат танин, кои помагаат за стеснување на крвните садови.

Најдобро е да пиете чај од ајдучка трева барем еднаш дневно. Еве како се приготвува…

Состојки:
  • 1 супена лажица сушена ајдучка трева
  • 1 шолја зовриена вода
  • парче лимон
Приготвување:
  • Ставете сушена трева во шолја зовриена вода.
  • Оставете ја да отстои 10 минути.
  • Исцедете и отстранете ги листовите.
  • По сопствен вкус, додајте парче лимон или малку мед.
Старите Грци верувале дека може да се користи како противотров: Еве како да ја одгледувате оваа моќна и лековита билка дома!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.