Подмолни места на кои може да се скрие карциномот на кожа

Од кожата на главата до прстите на стапалата има многу места на телото на кои не обрнуваме доволно внимание. Време е да го смениме тоа!

Иако има совршена смисла ракот на кожата да „напаѓа“ делови од телото кои се најмногу изложени на сонце, како што се лицето, рацете, градите и нозете, тоа не значи дека остатокот од телото не е во опасност.

Всушност, ракот на кожата може да се формира на кој било дел од телото, предупредуваат дерматолозите. Најголемиот фактор на ризик е секако изложеноста на штетни сончеви зраци, но на појавата на рак на кожата влијае и возраста, генетиката и семејната историја на болеста.

Сето ова значи дека делови од телото кои не се изложени на сонце можат да бидат засегнати од рак на кожата. Еве што да барате!

Места каде што може да се скрие рак на кожата 

Скалпот 

Само косата не е доволна заштита од штетно УВ зрачење, особено ако имате тенка коса. Носете капи кога сте на сонце, а доколку не го сакате тоа, ставете спреј за сончање на скалпот.

Дланки и стапала 

Стапалата и дланките се изложени на сонце многу повеќе отколку на остатокот од телото. Обрнете внимание и прегледајте ги овие делови од телото и не заборавајте да ставите крем со заштитен фактор!

Прсти на рацете и нозете

Меланомот може да се скрие на овие места, а најчесто не им обрнуваме никакво внимание. Кога ставате крем, не заборавајте да го нанесувате и на прстите на рацете и нозете!

Капаци 

Околу 10% од карциномите на кожата се формираат на очните капаци, велат експертите. Затоа, не заборавајте да ставате крем за сончање, да носите очила за сонце и капа кога сте на сонце.

Областа помеѓу прстите 

Веројатно никогаш не ви паднало на памет да ја проверите кожата помеѓу прстите и рацете. Сепак, таму може да се формира поголем и поагресивен меланом отколку на кој било друг дел од телото. Од време на време проверете ја кожата помеѓу прстите!

Гениталии 

Иако овие делови од телото не се особено изложени на сонце (освен ако не сте нудисти), клетките на ракот поврзани со ХПВ се развиваат токму тука. Проверете дали има промени на кожата во овие делови од телото.

Прочитајте и: Дали „кето“ главоболката е знак за тревога?

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.