Победете го непријатното печење „таму долу“

За да спречите циститис, одете во тоалет веднаш по сексуалниот однос

Еве што можете да направите штом ќе ги почувствувате симптомите на уринарна инфекција.

Типични симптоми: печење при мокрење, често уринирање или невозможност да се мокри. Понекогаш има и траги од крв во урината.

Причинители

Циститис – воспаление на слузокожата на бабулето – почесто кај жените отколку кај мажите, бидејќи припадничките на понежниот пол имаат пократка уретра. За време на сексуален однос, бактериите можат да се потиснат во уретрата и да предизвикаат инфекција. За време на менопауза, слузокожата на уретрата и на бабулето се истенчува поради намалено лачење на естроген, па жените во оваа доба се посклони на уринарни инфекции.

Терапија

Пијте доста вода, за полесно да ги исфрлите бактериите од уринарниот тракт. Стручњаците препорачуваат чај од брусница, бидејќи оваа билка спречува задржување на бактериите во мочните патишта.

Пробајте сода-бикарбона. Повремено разматете половина лажиче сода-бикарбона во чаша со вода и испијте ја. Тоа ќе ја намали киселоста на урината и ќе го намали чувството на печење при мокрење.

За да спречите циститис, одете во тоалет веднаш по сексуалниот однос

Се разбира, и покрај сите овие мерки на лекување во домашни услови, доколку имате посилна инфекција задолжително одете на лекар.

Текст: Н. Човиновска

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.