Перименопаузата е состојба што тешко се открива: Овие 34 симптоми откриваат дека наскоро ќе влезете во менопауза!

Грижете се за здравјето

Сите знаеме кои се симптомите на менопауза, но постојат повеќе од 30 што би можеле да укажуваат на намалени нивоа на естроген

Жените поминуваат години со погрешна дијагноза, бидејќи лекарите од општа пракса не ги знаат сите симптоми на менопауза.

Напливите на жештина, лошото расположение и проблемите со спиење се вообичаени несакани појави, но постојат повеќе од 30 што можат да укажуваат на пад на нивоата на естрогенот.

Еве што се случува за време на периодот на перименопауза.

Кејти Тејлор (53), основачка и извршна директорка на онлајн-група за поддршка на менопауза, рекла дека требало да поминат четири години за да ѝ постават дијагноза.

„Од 43 до 47-мата година, сите мои симптоми беа психолошки. Сé уште добивав менструација и никогаш немав напливи на жештина. Бев потполно способна мајка на четири деца, која балансираше со работата и домаќинството, а потоа почнав да чувствувам млитавост и бев безволна“, рекла таа и продолжила:

„Чувствував анксиозност и ужасен замор. Имав срцебиење, се дебелеев, имав магла во мозокот, недостиг од самодоверба. Бев шокирана што страдам од рана деменција, бидејќи многу заборавав.

Но кога отидов на доктор, ми дијагностицираа депресија.“

Госпоѓа Тејлор била упатена кај специјалист за срце и ортопед поради болки во коските, но никој не можел да одреди што ги предизвикува нејзините симптоми.

Дури по посетата на гинеколог, за 10 минути ѝ била поставена вистинската дијагноза – перименопауза. Тогаш добила хормонска терапија.

Па затоа, добро е да знаете повеќе информации за перименопауза.

Прочитајте ја следнава листа од 34 симптоми на перименопауза:

1. Алергии

2. Подуеност

3. Потење

4. Прелом на коски

5. Кршливи нокти

6. Намалено либидо

7. Непријатно чувство во устата

8. Проблеми со забите и непцата

9. Болка во градите

10. Сува кожа што чеша

11. Вртоглавица

12. Трпки по телото

13. Болка во зглобовите

14. Опаѓање на косата

15. Главоболка

16. Жештина

17. Нередовни менструации

18. Напнатост на мускулите

19. Мачнина и проблеми со варењето

20. Ноќно потење

21. Срцебиење

22. Пецкање на екстремитетите

23. Уринарни симптоми

24. Сувост на вагината

25. Дебелеење

26. Анксиозност и недостиг од самодоверба

27. Мозочна магла и проблеми со помнењето

28. Депресија и лошо расположение

29. Пад на концентрацијата

30. Проблеми со спиењето

31. Раздразливост

32. Промена на расположението

33. Панични напади

34. Умор и недостиг од енергија

7 најголеми митови за менопаузата: Никако немојте да верувате во ова – само ве плашат и лажат!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.