Овој сок спречува дијареја, ги исфрла паразитите и го подобрува имунитетот кај децата: Доволна е една лажичка дневно!

За здраво дете!

Кога децата се во прашање, никогаш нема да ни биде тешко да сечкаме и цедиме овошје и зеленчук, сè додека тоа го подобрува нивното здравје

Народната медицина со векови користи моркови за лекување и ублажување бројни здравствени тегоби. Токму затоа, ви предлагаме да ги пробате овие неколку рецепти.

Основата им е свеж сок од моркови, кои се вистински природен еликсир поради изобилството од витамините А, Б, Ц, Д, Е, К, калциум, магнезиум, калиум и железо.

Свежиот сок од моркови е одлично природно средство за јакнење на имунитетот и превенција од инфекции. Воедно, помага и кај слабокрвноста.

Благотворно делува на кожата и помага за ублажување на симптомите на кожни заболувања. Пробајте ги овие народни рецепти со сок од моркови за да им помогнете на најмалите на природен начин…

Сок за спречување на дијарејата

За да спречите дијареја, направете сок од 1-2 свежи моркови. Може да го направите во соковник или да изрендате свеж морков, па да го исцедите низ газа. Давајте им на децата по една супена лажица чист сок од моркови наутро и навечер.

Млеко и моркови против паразити

За проблеми со паразити (глисти и други паразити), народната медицина препорачува да сварите 1 морков во млеко. Исчистете го морковот за да го отстраните површинскиот слој и изрендајте го што е можно поситно.

Загрејте 2 децилитри млеко, па во него ставете околу 3 супени лажици рендани моркови, па варете го морковот додека не омекне. Ќе добиете текстура на каша. Давајте му ја на детето 3-4 пати дневно, пред оброк во период од една недела.

Вкусно сокче со мед против настинки и кожни болести

Направете свеж сок од моркови и додајте мед, во размер 1:1, па разредете го со неколку капки вода.

Ова вкусно сокче е природно средство што ќе помогне за превенција, но и за лекување на проблемите со настинка, болки во грлото, кашлица и истоштеност.

Препорачаната доза е 1-2 лажички, 2-3 пати дневно.

За превенција и општо здравје на организмот, давајте му по 1 лажица од оваа напивка на детето, 2 пати дневно. Ако вашето дете нема ни една годинка, не додавајте мед во сокот, туку давајте му само сок од моркови, измешан со неколку капки вода.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.