Овие 5 знаци покажуваат дека не се движите доволно!

Редовното вежбање е исклучително важно за здравјето, но, за жал, не сите се придржуваме до тоа! За среќа, телото ќе ни испрати сигнали дека нема физичка активност и страда од предолго седење!

Зголемувањето на телесната тежина е очигледен знак дека не трошиме енергија што ја внесуваме во организмот со храна, но физичката неактивност се манифестира на други начини, за кои можеби не знаеме дека се поврзани со недостаток на физичка активност.

Отечени очи

Седечкиот начин на живот е еден од главните предизвикувачи на нашето тело да задржува вода. Надуени очи се појавуваат и кога премногу лежиме. Експертите препорачуваат јога како најдобар лек за овој проблем. Асаните вршат притисок врз главата и ја зголемуваат циркулацијата. Штом се движиме, отечените очи повеќе нема да бидат проблем.

Затвор

Ако поголемиот дел од времето го поминуваме седејќи, ви треба повеќе време да ја варите храната. Редовното вежбање го подобрува функционирањето на дигестивниот тракт. Дури и едноставни вежби или пет минути истегнување неколку пати на ден може да го спречат овој проблем.

Заборавеност

Кај луѓето кои водат неактивен животен стил, според бројни студии, се случуваат структурни промени во мозокот во делот на медијалниот темпорален лобус. Овој дел од мозокот е одговорен за меморијата. Исто така, докажано е дека физичката активност го подобрува нашето расположение, како и нашата меморија.

Болки во колената

Со редовно вежбање, мускулите стануваат посилни и пофлексибилни, а физичката активност ја ублажува болката во нозете. Исто така, редовното вежбање може да ги ублажи симптомите на артритис и остеопороза.

Желба за слатки

Физичката активност ја намалува желбата за шеќер. Покрај тоа, секоја физичка активност ја зголемува енергијата и ослободува ендорфин, хормонот на среќата, кој ја намалува желбата за слатки.

Прочитајте и: Како е вашата циркулацијата? Еве како можете да ја подобрите

 

ФОТО: Pexels

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.