Ова е суштинската причина за сите хормонски нарушувања: Што е адреналински умор и како се лекува!

Болести на 21 век

Во најголемиот број случаи се јавува рака под рака со депресијата

Надбубрежните или адренални жлезди се минијатурни жлезди, сместени над врвот на бубрезите. Произведуваат повеќе од 50 хормони што регулираат многу работи во организмот: сексуалната функција, телесната тежина, емоционалната состојба…

Тие се многу важен дел од ендокриниот систем и влијаат врз целокупната состојба на организмот и неговото здравје.

Помеѓу другото, надбубрежните жлезди произведуваат и кортизол, хормон на стрес. Покрај депресијата и нервозата, неговата количина се зголемува, а ако тој негативен период предолго трае, доаѓа до премореност на жлездите и синдром на адренален умор.

Што е синдром на адренален умор

Синдром на адренален умор или стресен синдром е главна причина зошто луѓето во 21 век имаат проблеми со хормоните и потреба за посета на ендокринолог. Се поврзува со претераното лачење на хормони на стрес, а се одразува како хроничен умор и депресија.

Во целиот процес, вклучен е и мозокот. Кога препознава стрес или страв, мозокот им праќа сигнал на надбубрежните жлезди активно да го произведуваат хормонот адреналин. Тој влегува во ткивата форсирајќи ги жлездите да произведуваат поголема доза кортикостероиди (хормони на кората на надбубрежната жлезда). Тогаш хормонскиот баланс се нарушува, а страда целото тело, најмногу срцето и крвните садови.

Најчести причини за синдром на адренален умор:
  • Неквалитетен сон
  • Недостиг на витамини и минерали
  • Ригорозни диети или изгладнување
  • Стресни ситуации кои долго влијаат врз човекот
  • Лоша животна средина или изложеност на загаден воздух

Адреналниот умор најчесто се забележува кај луѓето кои претежно седат целиот ден, а изложени на посебен ризик се луѓето што страдаат од дијабетес, нарушување на работата на тироидната жлезда, како и жените што користат контрацепциски пилули без препорака на доктор, односно на своја рака.

Симптоми на синдром на адренален умор

Кога ќе дојде до неурамнотеженост, надбубрежните жлезди се трудат да работат со полн капацитет и да ја извршат својата основна функција. Но вишокот на некои хормони настанува како последица од недостиг на други, а првиот знак за тоа е хроничниот умор. Тоа е состојба на исцрпеност која не поминува ни по долг и цврст сон, а полека почнува да влијае и врз квалитетот на животот и способноста за работа.

Ова се карактеристичните симптоми:
  • Несоница и покрај големиот умор
  • Желба за благо
  • Нарушување на вниманието, неспособност за концентрација
  • Чувство на слабост во мускулите
  • Нагло дебелеење
  • Проблеми со кожата, ноктите и косата
  • Изразена раздразливост со нетипични агресивни испади
  • Појава на алергии, исфрлање на кожата и црвенило
  • Грчеви во мускулите на листовите

Синдромот на адренален умор често доаѓа заедно со депресијата. Како последица од недостиг на естроген и тестостерон, сексуалната желба се намалува или целосно исчезнува. Од друга страна, вишокот на хормонот алдостерон го покачува крвниот притисок и палпитацијата на срцето, предизвикувајќи чувство на треперење или болка во градите.

Лекување и превенција на синдромот на адренален умор

Иако не се смета за болест, синдромот на адренален умор не смее да се игнорира, бидејќи дисбалансот на хормоните може да биде причина за други, опасни состојби: неплодност, тумор на матката, покачен шеќер, драстичен пад на имунитетот.

Синдромот се открива со ултразвук на надбубрежните жлезди и проверка на нивото на хормоните адреналин, тестостерон и естроген.

При лекувањето на овој синдром, важно е да се внимава на исхраната, и тоа на следниот начин:
  • Одбегнувајте газирани пијалаци, кафе, јаки чаеви и алкохол
  • Исфрлете ги од исхраната шеќерот, благото и тестото колку што можете
  • Елиминирајте ги рафинираните масла, маргаринот и сличните мачканици од исхраната
  • Јадете што повеќе свежо овошје и мед, како засладувач користете стевија
  • Зголемете го внесувањето на морски риби, морски плодови и морски тревки
  • За ужина јадете јаткасти плодови и свеж зеленчук
  • Додајте зелка, спанаќ, авокадо и ленено семе на менито
  • Внесувајте доволно цинк, магнезиум, аскорбинска киселина и витамини од Б групата

Првите резултати од ваквата исхрана ќе се забележат по 3-4 месеца. Мора да бидете упорни, бидејќи станува збор за системско лекување со исхрана и би требало да истраете во тоа барем една година.

Кај синдромот на адренален умор важно е да внимавате и на емоционалната рамнотежа, односно да работите на тоа да превенирате нервоза и појава на стрес.

  • Спијте барем 8 часа, ако е можно дремнувајте и во текот на денот.
  • Што почесто шетајте, запишете се на танц, пливање, јога, возете велосипед…
  • Дружете се со позитивни луѓе, гледајте комедии
  • Почестете се со третмани за релаксација, масажи…
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.