Она што го бара стомакот за подобрување на имунитетот

Во доба на корона

Стручните соработници на „Руски доктор“ им се придружуваат на сите што порачуваат: НЕ ЛЕКУВАЈТЕ СЕ САМИ!

Во морето на стручна и научна литература има многу полемики за ковид-19 и сите даваат сѐ од себе на некој начин да им препорачаат на читателите што е важно во борбата за зачувување на имунитетот. Стручните соработници на „Руски доктор“ на читателите им доближуваат три дефиниции – превенција, имунитет и вакцина.

Превенцијата е збир на мерки и активности што се преземаат за да се избегне некоја болест. Со латинскиот збор immunitas во медицината се означува способноста на организмот да ѝ се спротивстави на инфекцијата.

Вакцинацијата, меѓу другото, значи придонес кон колективниот имунитет – кога голем дел од популацијата се вакцинира за да се помогне во спречување на ширењето на болеста. Така, меѓу другото, им се обезбедува заштита на оние што немаат имунитет.

Начинот на живот што е погрешен мора да се промени. Својот организмот да го јакнеме 365 дена во годината, да дејствуваме превентивно и да се вакцинираме кога ќе дојде време за тоа и ќе се исполнат услови. Стручните соработници на „Руски доктор“ им се придружуваат на сите што порачуваат: НЕ ЛЕКУВАЈТЕ СЕ САМИ!

Штом ќе почувствувате некои од веќе добро познатите симптоми, одете во ковид-амбуланта. По прегледот, терапијата ќе ви ја пропише вашиот лекар.

Зошто? Бидејќи вирусот е сè уште недоволно истражен и не е познато кај кого по кој пат ќе тргне: асимптоматски, со поблага клиничка слика или во форма на тешко заболување.

ВИДОВИ ИМУНИТЕТ

Кога станува збор за имунитетот, постојат клеточен имунитет, антитела и цревен имунитет.

Во оваа пригода, ќе се задржиме на неколку намирници што ни се на дофат а докажано го зајакнуваат цревниот имунитет: кромид и лук, домашни супи со пилешки и јунешки коски, јогурт (во него додајте малку мед и цимет), потоа руската бомба кефир, пробиотици и пребиотици.

Освен витамините Ц, Д и Е, како и оние од А и Б-групата, неопходни се минерали – цинк, магнезиум, селен.

Зелениот листен зеленчук е преполн со сѐ што е наведено, а ние би го издвоиле прокељот, кој содржи триптофан, есенцијална аминокиселина што предизвикува лачење на серотонинот, познатиот хормон на среќата, бидејќи е битен и оптимистичкиот став.

Потоа, бразилскиот орев е преполн со минерали и антиоксиданти, а доволен е еден дневно. Мора да јадеме и црвено месо, житни зрна, пченични никулци, да пиеме чаеви (рехидрацијата е особено важна во случај на висока температура).

Ќе наведаме и еден стар кинески рецепт против вирусни инфекции: во половина литар врела вода ставете две рамни лажичиња корен од сладунец и едно рамно лажиче ѓумбир. Гответе го на тивок оган додека волуменот на течноста се намали за половина. Пијте го едниот дел од топлиот пијалак наутро, а другиот дел оставете го за попладне.

И, за крај, уживајте во новогодишната ноќ покрај елката во кругот на семејството, не одете на јавни места.

Текст: „Руски доктор“

Фото: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.