Одличен е за црниот дроб, бубрезите, срцето и за белите дробови: Овој чај ги лекува респираторните проблеми како на шега!

Моќен зачин

Кога станува за лекување респираторни проблеми, му нема рамен

Кимот е самоникнувачка билка и спаѓа во групата зачински билки.

Египќаните први дознале колку е моќно семето на црниот ким, па од него правеле лековито масло.

Источните народи за црниот ким тврделе дека ги лекува сите болести, освен смртта. Кимот содржи етерични масла, повеќе видови масни киселини и витамин Ц.

Според научните истражувања, црниот ким успешно може да уништи или ублажи 600 различни болести и состојби. За лекување можете да користите масло, да направите чај или да додавате семки од ким во салати или јадења.

Кимот има аналгетски, антибактериски, противвоспалителни и противвирусни својства. Благодарение на својот состав, успешно го лекува црниот дроб, ги исфрла токсините и ја подобрува работата на бубрезите, го регулира крвниот притисок и го држи холестеролот под контрола.

Кимот го подобрува апетитот, ја олеснува дигестијата, подуеноста и помага за грчеви во стомакот. Докажано е неговото позитивно дејство врз дијабетесот и снижувањето на шеќерот во крвта.

Забележано е и позитивно дејство кај пациенти заболени од рак. Поради силното антиоксидативно дејство на имунитет, особено делотворен е кај луѓето кои примаат хемотерапија, бидејќи го забрзува закрепнувањето помеѓу третманите на хемотерапија и го засилува нејзиното дејство.

Црниот ким исто така има силен ефект на обновувањето на ткивото на белите дробови, на прочистувањето на респираторниот тракт и подобрувањето на белодробните функции.

Чај од црн ким против бронхитис и кашлица

Една голема лажица црн ким, една мала лажица камилица и половина мала лажица анасон, измешајте во шолја топла вода. Оставете да отстои 10 минути, исцедете, засладете со мед и пијте го чајот неколку пати дневно.

Сируп против астма

Измешајте една мала лажица иситнет црн ким, две издробени чешниња лук и две лажици мед. Секое утро на празен стомак земајте под една мала лажица сируп во период од три седмици.

Иван-чај ги лекува и најболните пациенти, а на здравите луѓе им дава челичен имунитет: Еве како правилно се пие!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.