Од страв страдаат бубрезите, од тврдоглавост – половината: Еве како емоциите го уништуваат вашето тело!

Неверојатно!

Емоционалната мапа на телото најдобро се објаснува на овој начин

Емоциите се специфичен вид состојби и процеси во човечката психа, кои се манифестираат за време на различни настани, појави и ситуации.

Секојдневно доживуваме и до стотина различни емоции, без да го забележиме тоа.

За луѓето, емоциите се од клучно значење. Потребни ни се за да се прилагодиме и брз да одговориме на која било животна појава.

Сите знаеме како луѓето најчесто ги изразуваат своите емоции: со лице, гестови, говор и слично.

Сите овие се надворешни манифестации на чувствата што се видливи за човечкото око и разбирање. Меѓутоа, потполно забораваме на внатрешните манифестации.

Емоциите директно влијаат врз работата на внатрешните органи. Покрај тоа, специфични емоции се поврзани со одредени органи.

На пример:
  • Радоста и љубовта се поврзани со срцето.
  • Губењето интерес за животот – со штитната жлезда.
  • Тврдоглавоста – ‘рбетниот столб
  • Ужасот со мочниот меур
  • Анксиозноста со стомакот.
  • Стравот со бубрезите.
  • Фрустрацијата и раздразливоста со слезината.
  • Непријателството и гневот со жолчното кесе.
  • Лутината со црниот дроб.
  • Тагата и храброста со белите дробови.

Силните и трајни емоции го исцрпуваат организмот и ги блокираат соодветните меридијани. Ако постојано преиспитувате некоја ситуација во својата глава, не можете да ја заборавите и ја помните одново и одново, тогаш го уништувате вашето тело. Нашите мускули и органи ги чуваат информациите за настаните кои јасно се врежале во помнењето.

Спротивното е исто така точно. Односно нарушувањето на функцијата на кој било орган доведува до искажување одредени емоции со кои е поврзан тој орган.

Емотивни точки на лицето:

Болката во одредени точки на лицето покажува на кој орган му треба посебно внимание.

  • Точките на мостот на носот во внатрешниот агол на окото го претставуваат мочниот меур.
  • Точките на страничното крило на носот се почетокот на дебелото црево.
  • Точката веднаш под окото го претставува стомакот.
  • Точката на почетокот на увото е каналот на тенкото црево.
  • Точката на надворешниот агол од окото е почетокот на жолчното кесе.
Што да правиме?

За да се ослободите од емоциите што го уништуваат телото, морате секојдневно да ги масирате болните места на лицето. Тоа ќе ви помогне не само да се ослободите од негативните емоции и да ја подобрите функцијата на внатрешните органи, туку и да ги ублажите брчките и да го подобрите изгледот на лицето.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.