Никако не фрлајте ги петелките од јагодите, не сте ни свесни колку се добри за здравјето: Еве како може да се искористат!

Лековити својства

Со години правиме грешка и ги фрламе петелките мислејќи дека не може да се искористат

Сите ги фрламе петелките и ливчињата од јагодите и тука правиме голема грешка. Доколку ги исушите и подоцна направите чај од нив, ќе добиете многу моќна и здрава напивка што позитивно влијае врз целиот организам.

Петелките и ливчињата јагода содржат повеќе витамин Ц од самите плодови јагода, а ги содржат и истите микроелементи како и плодовите.

За што сè е добар овој чај?

Чајот од петелки и ливчиња од јагода, како и самите јагоди, го зајакнуваат нервниот систем и влијаат против стресот, го намалуваат заморот, помагаат во случај на депресивни состојби, болести на крвта, а се користат и за подобрување на состојбата на бубрезите.

Овие зелени делови од билката се драгоцени за дијабетичари, бидејќи можат да влијаат врз нормализација на шеќерот во крвта.

Благотворни се при оздравување од болести, го зајакнуваат имунитетот, превенираат болести на желудникот, помагаат во лекувањето артритис, реума, анемија, ги олеснуваат тегобите, благотворно дејствуваат на покачениот холестерол и покачениот крвен притисок. Освен тоа, јагодите го забрзуваат метаболизмот и го забавуваат стареењето.

Приготвување на чајот:

Земете едно кафено лажиче иситнети петелки од шумски или градинарски јагоди и прелејте го со чаша зовриена вода. Нека отстои поклопено 20 минути. Пијте го три пати дневно. Овој чај има пријатен вкус и е одлично помошно средство во терапијата на заболените од канцер.

Што се случува со вашето тело кога јадете јагоди?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.