Незаменливи се за ова: 3 здравствени проблеми што семките од тиква ги лечат како на шега!

Здрави и корисни

Покрај тоа што се преполни со хранливи материи, семките од тиква содржат некои многу лековити супстанции

Светската здравствена организација препорачува консумирање семки од тиква како одличен начин на снабдување на организмот со неопходните хранливи материи, кои не можете да ги најдете во изобилство во други намирници. Од друга страна, овие вкусни семки содржат и одредени природни супстанции кои помагаат во лекувањето одредени нарушувања и заболувања. Еве за што се работи.

Несоница и нарушувања на сонот

Несоницата, сама по себе, е прилично голем проблем, но и симптом и причина на многубројни други нарушувања и заболувања. Луѓето што страдаат од несоница често ги мачи и депресија. За сите оние што страдаат од недостиг на сон, семките од тиква се одличен природен лек. Нивното консумирање ги опушта умот и телото, ги елиминира нервозата и анксиозноста и го подобрува сонот.

Еве како функционира тоа: семките од тиква содржат аминокиселина која се вика триптофан. Аминокиселините се градежни блокови на поголемите протеински молекули. Интересното кај триптофанот е тоа што мозокот го користи за производство на серотонин, невротансмитер кој најчесто се нарекува хормон на добро расположение.

Тој ги намалува нервозата и стресот, го подигнува расположението, го опушта умот и ви помага добро да спиете. Истражувањата покажуваат дека консумирањето семки од тиква во комбинација со извор на јаглехидрати, му помага на мозокот побрзо да го апсорбира триптофанот и да ослободи серотонин.

Симптоми на пост-менопауза

Кај жените кои минуваат низ менопауза, хормонската неурамнотеженост предизвикува низа симптоми, како што се чести напливи на топлина (валунзи), главоболки, болка во зглобовите и депресија. Семките од тиква докажано помагаат во регулирањето на хормонската неурамнотеженост и ги лекуваат споменатите состојби.

Истражувањата покажуваат дека овие есенски плодови помагаат во зголемувањето на нивоата на липопротеините со голема густина и во намалувањето на дијастолниот притисок, со што се намалува оптоварувањето на срцето и се подобрува нивото на холестерол во организмот.

Камен во бубрег

Семките од тиква се диуретик по природа. Со други зборови, тие предизвикуваат малку почесто мокрење, поради што доаѓа до прочистување на бубрезите и на мочниот меур од сите отпадни материи што се наоѓаат во организмот. Истражувањата покажуваат дека семките од тиква го спречуваат формирањето на калциум-оксалат (камен во бубрег) и помагаат во измивањето на неговите талози.

Дури и кај пациентите што не реагираат на традиционалните лекови против камен во бубрег, семките од тиква имаат олеснителни ефекти. Важно е да се напомене дека овие вкусни семки исто така се ефикасни и во контролирање хипертензија, артритис и паразитски инфекции, а помагаат и во заштита на кардиоваскуларниот систем и црниот дроб.

Секој ден јадете грст семки од тиква: Еве какво влијание ќе има тоа врз вашето здравје!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.