Незаменлив минерал: Стимулатор на имунитетот, главен снабдувач на телото со кислород и борец против рак!

Минерал што вреди злато

Овој минерал ги снабдува клетките со кислород и ги штити од слободни радикали, вируси, бактерии…

Германиум е имуностимулатор (го стимулира имунолошкиот одговор на организмот) и преносител на кислород (обезбедува поголема концентрација на кислород во клетките).

Германиумот дејствува на неколку начина: го спречува штетното дејство на слободните радикали, има антивирусно и антигабично дејство, ги активира одбранбените клетки, влијае врз зголемувањето на нивото на интерферон, кој е стимулатор за создавање антитела – оружје што го користи нашиот имунолошки систем во борбата со напаѓачите.

Германиумот не дејствува директно на болестите, туку посредно, стимулирајќи го имунолошкиот систем, намалувајќи го бројот на слободни радикали во клетките и зголемувајќи ја концентрацијата на кислород. Органскиот германиум го модифицира биолошкиот одговор на организмот, односно може да го промени одговорот на телото на тумори, вируси, бактерии.

Научните истражувања ја потврдиле ефикасноста на органскиот германиум во дози од 100-300 мг дневно кај ревматичен артритис, алергија на храна, покачен холестерол, габични инфекции, кандида, хронични вирусни инфекции и канцер.

Органскиот германиум го подобрува искористувањето на кислородот во клетките. Клетките на канцер не можат да метаболизираат кислород како здравите клетки, па зголемената количина на кислород во клетките може да го сопре растот на канцерогени клетки или да им помогне да се вратат во нормала. Зголемувањето на нивото на кислород во клетките е значајно, бидејќи причина за многу хронични заболувања е токму оштетувањето на клетките под дејство на слободните радикали.

Органскиот германиум ја враќа во нормала функцијата на имунолошките клетки (Т-лимфоцити, Б-лимфоцити). Интерферонот е значаен стимулатор на одбранбениот одговор на организмот и силен антиканцероген агенс. Германиумот го стимулира производството на интерферон во телото, без несакани и штетни дејства.

Клиничките истражувања на животни потврдиле дека органскиот германиум го спречува развојот на тумор и го продолжува животниот век.

Органскиот германиум најмногу е проучуван во Јапонија, каде што доктор Кузихико Асаи открил некои лековити печурки и билки. Намирници што содржат висока концентрација на германиум се жен-шен, шитаке, лук…

Содржината на германиум во билките варира во зависност од неговата содржина во земјиштето каде што растението било одгледувано.

Овој минерал е незаменлив за вашата кожа: Кажете им збогум на токсините, нечистотиите и акните!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.