Нетипичен симптом на замастен црн дроб што укажува на сериозен здравствен проблем: Обрнете внимание!

Предупредување од експерти

На самиот почеток од болеста нема симптоми, што е најопасно

Речиси и да нема поважен орган од црниот дроб. Не само што е најголем орган внатре во телото, туку и има најголем број на функции од сите органи. Таа релативно мала структура (тешка вкупно 2 кг) прави буквално илјада работи, кои се многу комплицирани и подразбираат сложени хемиски реакции. Затоа, многу е важен за целосното здравје на нашиот организам.

Неалкохолниот замастен црн дроб е болест што се карактеризира со создавање масни наслаги во овој орган, што може сериозно да го наруши здравјето на пациентот. Многу е опасна, бидејќи нема очигледни симптоми. Кога ќе се појават проблеми, тоа значи дека болеста веќе прогресивно се развила.

Меѓутоа, постои симптом што се чини комплетно неповрзан со црниот дроб, а всушност тоа е знак дека овој орган страда – јадеж во табаните и дланките! Силниот јадеж е поврзан со неалкохолен замастен црн дроб и најчесто се вложува доцна навечер или во текот на ноќта.

Од друга страна, според зборовите на експертите, класични симптоми на неалкохолен замастен црн дроб се:

  • непријатно чувство и болка во стомакот
  • чувство на подуеност во десниот горен дел на стомакот

Докторите, исто така, забележале дека луѓето со вишок килограми се посклони на заболување од неалкохолен замастен црн дроб. Ако веќе им е поставена оваа дијагноза, неопходно е да внимаваат на исхраната и да го намалат бројот на внесени калории.

Од пресудно значење е да се знае дека трајното оштетување на црниот дроб со текот на времето може да доведе до цироза, а потоа и до откажување на овој орган, што е екстремно опасно и може да биде фатално.

Постојат шест основни работи што му штетат на црниот дроб:

1. Прејадување

2. Нездрава храна и пијалаци

3. Храна со малку протеини, а многу јаглехидрати и масти

4. Отрови, како алкохол, тутун, кофеин, теобромин и тешки дроги

5. Лекови, без разлика дали се земаат со или без рецепт

6. Консумирање или вдишување инсектициди, презерванси и други кумулативни отрови

Кога овој орган е загрозен, загрозен е и животот: 5 знаци дека вашиот црн дроб е во сериозна опасност
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.