Неочекувани симптоми што укажуваат на Алцхајмерова болест: Губењето на помнењето не е единствениот

Треба да знаете!

Недостигот на просторна ориентација е еден од симптомите на оваа болест

Алцхајмеровата болест е еден од најчестите облици на деменција, а станува збор за прогресивна болест на мозокот за која најкарактеристично е губењето на помнењето.

Најновите научни проценки откриваат дека до 2020 година во светот би можело да има 43 милиони заболени, до 2040 година дури 81 милион, а до 2050 година, повеќе од 115 милиони болни од деменција.

Меѓутоа, губењето на помнењето не е единствениот симптом на оваа болест. Постојат и други знаци, кои ретко се поврзуваат токму со развојот на деменција.

Првиот симптом што се јавува обично е заборавеноста кога се во прашање неодамнешни настани, но релативно зачувана долготрајна меморија, а тоа честопати се припишува на „старечката заборавеност“.

Меѓутоа, личноста која страда од Алцхајмерова болест има чести промени на однесувањето, станува депресивна или има напади на смеење. Сосема вообичаени се и ситуациите кога не може да се сети каде ги оставила клучевите, а се јавуваат и проблеми околу присетувањето на кој датум или година сме.

Просторната ориентација на инаку познати локации исто така може да претставува проблем. Не е необично ни ако почнат да се јавуваат сомнежи во непознати личности, страв, но и обвинувања насочени кон другите луѓе за кражба на лични предмети.

Се јавуваат и проблеми со одржувањето на секојдневната хигиена, но и неспособност за составување логични реченици. Ретко кој ги поврзува чешањето и компулсивниот осип со Алцхајмерова болест. Неретко, овие луѓе знаат да се чешаат додека не си пуштат крв, но не се знае која е поврзаноста на овој симптом со Алцхајмер.

Иако проблемите со видот исто така и’ се припишуваат на возраста, според истражувањето објавено во списанието „American Journal of Epidemiology“ тоа се наведува како уште еден од раните симптомите на деменција во подоцните фази од животот.

Повозрасните луѓе со слаб вид се изложени на пет до десет пати поголем ризик од заболување од Алцхајмерова болест или друг облик на деменција во период од 8,5 години по влошувањето на видот.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време