Недостиг на витамин Д доведува до поголем ризик од инфекција со коронавирус

Што препорачуваат експертите?

Научниците од Велика Британија ги повикаа владините министри да одобрат додавање на витамин Д во обичната храна, како што се леб и млеко, за да помогнат во борбата против коронавирусот.

Според некои студии, ниското ниво на витамин Д може да доведе до поголем ризик од инфекција со коронавирус или посериозни последици од оваа инфекција. Неодамна, истражувачите во Шпанија откриле дека околу 80 проценти од пациентите со ковид, од 216 примени во болница, имаат ниско ниво на овој витамин.

Сепак, комплетната слика за важноста и влијанието на витаминот Д е измешана. Некои студии покажуваат дека нивоата на витамин Д имаат малку или воопшто немаат влијание врз ковид 19, грип и други респираторни заболувања.

Телото произведува витамин Д како одговор на силната сончева светлина. Во Велика Британија, ова значи дека од октомври до март, луѓето треба да се потпрат на други извори – мрсна риба, јајца и додатоци.

Недостаток на витамин Д кај деца може да предизвика рахитис, а кај возрасните меки коски, што доведува до деформација. Децата со сериозен недостаток на витамин Д се склони кон ниско ниво на калциум во крвта, што доведува до напади и срцева слабост.

Сепак, Јавното здравство на Англија и Министерството за здравство и благосостојба ги отфрлија повиците во изминатите 10 години за да се дозволи збогатување со витамин Д на храна како млеко, леб и сок од портокал, што е практика во Финска, Шведска, Австралија и Канада.

Прочитајте и: Каква храна да јадете за подобро расположение?

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.