Не смеете да ги занемарите овие симптоми: Зад нив можеби се крие најлошиот женски канцер!

Чувајте го и сакајте го вашето тело

Во светот секоја година се регистрираат 250.000 нови случаи на заболени од рак на јајчници

140.000 жени во светот ја губат битката со оваа болест. За жените кои живеат со оваа болест им треба поддршка во борбата за излекување.

Од клучна важност е болеста да се препознае при појавата на првите проблеми. Само редовниот преглед е некаква заштита во борбата против рак на јајчници. Жените треба да се грижат за своето здравје и редовно да одат на гинеколог.

Сепак, тешко е да се открие на време. Од рак на јајчници заболуваат претежно повозрасни жени, но болеста не ја заобиколува ниту помладата популација. Станува збор за тешка и сериозна болест, односно за најсмртоносниот канцер од сите гинеколошки малигнитети.

Најголемата причина за тоа е фактот што нема рани симптоми, а кога ќе се појават тие се многу неспецифични и поврзани се главно со дигестивниот и уринарниот тракт.

Ова се некои од симптомите:
  • Отекување на стомакот, нагло зголемување на телесната тежина
  • Болка во пределот на карлицата и чувство на притисок во стомакот
  • Чувство на ситост веднаш по започнатиот оброк
  • Често и нагло мокрење
  • Болка за време на сексуален однос
  • Запек
5 клучни факти за ракот на јајчници:
  • Сите жени се загрозени!
  • Постојат симптоми, но може да се помешаат со симптоми што се однесуваат на други помалку опасни болести
  • Свеста за симптомите на болеста може да спаси нечиј живот
  • Денес е можно тестирање на BRCAm мутираните гени на рак на јајчник.
  • Важно е да се знае BRCAm статусот на жената.
  • Ракот на јајчници најчесто се дијагностицираат во подоцнежната фаза.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.