Не пропуштајте го новиот број на „Руски доктор“!

Еве што ќе читате во него

Секоја годишна доба е убава на свој начин, но пролетта со својата раскошност ја буди веселоста кај секого од нас и асоцира на младост. Па, така, занесени под топлината на јунските сончеви зраци, често се случува многумина да мечтаат по еликсирот на младоста.

На таа тема научниците се натпреваруваат водејќи битка со времето, а можеби решението им е при рака. Затоа, додека трагате по тајните на долговечноста, не заборавајте ја моќта на билките, кои можеби нема да ви подарат вечност, но ќе ви подарат челично здравје и ќе спречат понекоја брчка. Свртете се околу себе, собирајте, копајте, сечете – шумските билки се непресушен извор на здравје.

Кога станува збор за здравјето, нашите руски стручни соработници ви откриваат како да ги исчистите крвните садови за да избегнете срцев и мозочен удар, како да се справите со вртоглавиците, но и да се изборите со декубитусот – вистинската напаст на болните што лежат.

Ви нудат и медитеранска диета против болки во колената, грбот и во мускулите, како и решенија за многу други болки.

А вие?! Вие не срамете се да ги изразувате своите чувства, да се веселите на мали нешта, а понекогаш и да плачете. Треба да умеете да се чувате и да се сакате себеси.

Во продолжение, ви ги претставуваме содржините во новиот број на меселникот „Руски доктор“:

5 Пет знаци дека јадете многу шеќер

6 Ублажете ја дискус-хернијата

8 Здрави и долговечни

15 Кандида во цревата: уништете ги штетните габички

16 Ослободете се од масното ткиво

18 Како да го зачувате добриот слух

20 Зарипнати сте? Еве како да го вратите гласот

21 Треба ли да се плашите од колоноскопија

22 Како се лекува декубитус

25 Ги чистиме крвните садови

26 Растење под стаклено ѕвоно

28 Ерменскиот хаш дига на нозе

31 Супернамирница: Киноа

32 Витамински коктели

34 Власец – природен антиоксидант

36 Леќата го зајакнува срцето

37 Кога сте под стрес, пијте сок

38 Диета против болка

40 Пролетен козметичар глуварче

41 Предиво од иглички од бор

42 Што ни дарува шумата во јуни

43 Хибискус за куќа полна здравје

46 Рододендрон – ружа на долговечноста

Текст: Сузана Митревска

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.