Не постои помоќен природен лек за дишните патишта: Ренот ќе ви ја ублажи кашлицата, ќе ви ги прочисти белите дробови и синусите!

Моќен лек

Ренот е моќна билка што можете да ја користите во текот на целата година, а неговите лековити својства се неверојатни!

Коренот од ренот, кој е по малку лут, содржи важна состојка – сингрин, но и кумарин, феноли, етерично масло, аспаргин, перокдисдаза, смола, скроб и сахариди.

Поради сите овие состојки, ренот е одличен за здравјето, особено кога станува збор за респираторните проблеми.

Ренот може да се најде во текот на целата година, а во зависност од проблемот што го имате, консумирајте го на следниве начини:

Прочистување на белите дробови

Доколку сакате да ги прочистите белите дробови, без разлика дали сте пушач или непушач, пригответе чај од рен. Прелејте 10 г рендан корен од рен со 2 дцл зовриена вода. Покријте го чајот и оставете го да отстои неколку минути. Така приготвената напивка треба да ја пиете два до три пати дневно во мали шолјички.

Астма

Ако имате астма, се советува да сварите шолја јаболков оцет и четири лажици рендан рен за да ги ублажите симптомите. Кога ренот ќе омекне во оцетот во текот на варењето, треба да го исцедите и во добиената количина рен да додадете иста количина мед. Загревајте ја добиената смеса додека се згусни, а потоа оставете ја да се олади. Ваквата смеса од рен се зема по малку наутро и навечер.

Кашлица, затнат нос и тешко дишење

Доколку ве мачи кашлица или тешко дишете, пригответе смеса од едно лажиче свежо рендан рен измешан со едно лажиче мед. Оваа смеса земајте ја секое утро на празен желудник во период од еден месец.

Ги опушта дишните патишта, намалува воспаление и отоци: Оваа храна може да ги ублажи симптомите на астма
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.