Намалете го внесот на оваа состојка и подобрете го вашето здравје

Обрнете внимание

Срцевите заболувања се убиец број еден во светот. Веднаш се поставува прашањето што можете да направите за вашето здравје.

Која е водечката причина за срцеви заболувања? Висок крвен притисок честопати предизвикан од големо внесување сол во храната. Хипертензијата е водечка причина за мозочен удар, срцева слабост и бубрежни заболувања. Дури и ако никогаш не ги солевме оброците, веројатно сепак ќе внесувавме премногу сол. Ова е затоа што тој е додаден во секоја преработена храна.

Новата анализа на 133 клинички испитувања за намалување на солта објавена во британскиот магазин BMJ откри силен доказ за тоа што би се случило доколку се намали солта во храната. Намалувањето на солта би го намалило крвниот притисок кај лица со хипертензија, но исто така би го намалило и притисокот на луѓето кои не се изложени на ризик.

Колку е поголемо намалувањето на внесот на сол – толку е поголем падот на крвниот притисок, покажала студијата. Ова е голема работа во превенцијата, рече кардиологот Др. Ицилма Фергус од Њујоршката болница „Монт Синај“, која не беше вклучена во студијата.

Прочитајте и: Лекарите се едногласни: Имунитетот најдобро се зајакнува со внесување на овие 3 витамини!

Истите истражувачи неодамна објавија напис во весникот на Американскиот колеџ за кардиологија (JACC) во кој беа разгледани 200 објавени студии за ефектот на солта врз бактериите во цревата, нашиот имунолошки систем и оштетувањето на малите крвни садови што може да доведат до проблеми со бубрезите и деменција.

„Севкупните докази покажуваат дека намалувањето на внесот на сол е многу корисно“, рече главниот автор Фенг Хе, истражувач од универзитетот Квин Мери. „Напорите за намалување на внесот на сол треба да се засилат ширум светот за да се спасат милиони кои страдаат и умираат од непотребни удари и срцеви заболувања“.

Почнете го денот со шолја од оваа напивка и заборавете на вирусите: Утрински еликсир за јак имунитет!

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.