Најтешко се открива рак на панкреас: Ова се најраните знаци дека оваа опасна болест го уништува телото!

Водете сметка

Добро слушајте го вашето тело и знаците што ви ги испраќа

Долг вкупно петнаесетина сантиметри и скриен зад желудникот, главната задача на панкреасот е да ви помогне да ја сварите храната и да го контролирате нивото на шеќер во крвта.

Ракот на панкреас е многу смртоносен, а исклучително тешко е да се препознае. Луѓето обично ги занемаруваат првите симптоми, сè додека ракот не се прошири и на другите органи.

Доколку забележите некој од следниве симптоми, одете на доктор и проверете дали е сè во ред со вашиот панкреас.

Вака се манифестира оваа опасна болест…

Очи и кожа со жолта боја

Кога кожата и белките ќе станат жолти, тоа никогаш не е добро. Тоа може да укажува на многу здравствени проблеми, меѓу кои и алкохолизам, откажување на црниот дроб и рак на панкреас. Без оглед на причината, ова е еден од симптомите што никако не би требало да го игнорирате.

Подување

Подувањето после поголем оброк е нормална појава, но ако таквата состојба трае со денови, тоа е знак на предупредување. Како што растат туморите на панкреасот, можат да предизвикаат растегнување на стомакот. Ова обично е еден од првите симптоми што жените го забележуваат, но често го игнорираат, бидејќи не го сметаат подувањето за поголем проблем.

Губење килограми

Губењето на апетитот што го предизвикува ракот на панкреас може да доведе до брзо губење на тежината. Губењето на килограмите што би требало да ве загрижи е губење повеќе од 5% од тежината во период од шест месеци до една година. Доколку не можете да го објасните губењето на тежината со некоја друга причина, одете на лекар.

Болка во долниот дел на грбот

Како што туморот на панкреасот расте, тој не врши притисок само на внатрешните органи, туку и на долниот дел на ‘рбетниот столб и грбните мускули, предизвикувајќи константна тапа болка.

Темна боја на урината

Темната боја на урината е знак на дехидратација, но честопати е и првиот знак на жолтица што луѓето го забележуваат. Туморот предизвикува намалено излачување на жолчката и зголемување на нивото на билирубин во крвта, па затоа урината добива кафеава боја. Доколку зголеменото внесување вода не ја врати бојата на урината на нејзината нормална боја, јавете се на доктор.

Болка во стомакот

Иако се чини дека нема потреба да се загрижите за болката во стомакот, факт е дека тоа може да биде еден од раните симптоми на рак на панкреас.

Човечкиот црн дроб е создаден за да преживее 600 години, а луѓето го уништуваат за само 60: Еве како!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.