Најтешко се открива рак на бубрег: Ова се скриените симптоми!

Откријте ја болеста на време!

Сите сме чуле за почестите видови рак, како што е рак на белите дробови или дојката, но постојат и значително поретки видови како што е рак на бубрег

Постојат одредени симптоми на потешки болести што ги игнорираме додека не стане предоцна за лекување.

Многу луѓе воопшто не се грижат за опасностите од рак, сè додека не ја чујат таа страшна дијагноза. Оваа опасна болест може да се развие од најнеобични причини, како што се силиконите во градите или пречестото летање со авион.

Понекогаш, болеста е проследена и од необични симптоми, како што бил случајот со Шарлот Витман. Таа мислела дека осипот на градите бил предизвикан од агресивен детергент за облека, но излегло дека станува збор за агресивен рак на дојка.

Сите сме чуле за почестите видови рак, како што е рак на белите дробови или дојката, но постојат и значително поретки видови како што е рак на бубрег. Тешко е да се открие оваа болест во раните фази, затоа што речиси и да нема некои позначајни симптоми што би ја предупредиле болната личност.

Во подоцнежните фази, ракот на бубрег може да биде проследен со:

  • крв во урината
  • постојана болка во колковите или грбот
  • губење апетит
  • губење килограми
  • тежок умор
  • ненадејни промени на температурата на телото

Главната причина за ракот се генетските мутации на клетките, кои може да бидат наследни или предизвикани од надворешни фактори, како што се нивото на канцерогени елементи, особено кога станува збор за чадот од тутунот.

Пушењето, па дури и пасивното пушење, го зголемуваат ризикот од рак на бубрези, затоа што тие ја филтрираат крвта која е заситена од штетните состојки што влегле во организмот преку белите дробови.

Постарите луѓе, но и оние со вишок килограми, болни од хипертензија, лимфома или со зависност од таблети против болки, спаѓаат во групата на поединци со зголемен ризик од рак на бубрези.

Покрај јасните симптоми на болеста, постојат и скриени што најчесто ги игнорираме:

  • зголемен крвен притисок
  • анемија
  • болки од левата или десната страна на абдоменот
  • отечени зглобови
  • кај мажите може да има отечени вени околу десниот тестис
  • ширењето на ракот по другите органи може да биде откриено со отежнато дишење, болка во коските и искашлување крв

Тешко е да се дијагностицираат ваквите видови рак најмногу поради положбата на бубрезите во телото. Меѓутоа, важно е да се спомене дека излекувањето е возможно. Тоа обично подразбира хируршко отстранување на ткивата и дополнителна терапија. Стапката на преживување ваква болест е релативно висока, дури и кај повозрасните пациенти.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.