Најстариот природен лек против кашлица: Излечете се преку ноќ!

Народна медицина

Заборавете на упорната кашлица што ви ги раздразнува белите дробови, доволно е да си го приготвите овој природен лек

Комбинацијата од мед и кромид уште одамна е позната како исклучително ефикасен природен лек за кашлица. Предноста на овие природни лековити состојки е тоа што може да ги набавите секој период од годината.

Исто така, кога приготвувате лек од овие состојки, знаете што сте користеле, за разлика од сирупите и другите производи што неретко содржат конзерванси, вештачки бои и мириси.

Потребни состојки:
  • 1 главица кромид
  • 2-3 лажици природен мед
Приготвување:

Одберете главица кромид со средна големина. Излупете го и исечкајте го кромидот. Ставете го во подлабока чинија и прелијте го со мед. Покријте ја чинијата со тацна или фолија и оставете ја на собна температура прекуноќ. Утредента, исцедете ја смесата низ густа газа или цедилка. Тоа е доза за еден ден.

Земајте по една лажица сируп на секои два часа, може и почесто. Сигурно по кратко време ќе почувствувате дека полесно дишете, а набрзо ќе почнете да искашлувате.

Доколку имате проблем со половината и зглобовите, прочитајте го и овој народен лек.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.