Најдобри пробиотици што можат да ви помогнат да го одржите здравјето на дигестивниот систем

Што прават пробиотиците?

Многу луѓе не се запознаени колку е важен дигестивниот систем за општото здравје на организмот. Научниците сè повеќе се посветуваат на истражувањето на ефектите од микробите и нивната улога во здравјето, а системот за варење е тој што ќе го регулира нивното влијание врз организмот.

Погледнете ги најдобрите пробиотици кои можат да ви помогнат да го одржите здравјето на дигестивниот систем.

Индикатори за лошо варење

Постојат многу фактори што можат да влијаат на здравјето на желудникот. Стрес, проблеми со спиењето, консумирање слатка и преработена храна, земање антибиотици – сето тоа влијае на квалитетот на варењето на храната. Ако забележите симптоми како што се редовна надуеност, запек, металоиди, постојан замор, иритирана кожа, нервозни црева, нарушен сон и прекумерна желба за шеќер – сите овие показатели покажуваат дека нешто не е во ред со дигестивниот систем.

Што прават пробиотиците?

Цревата се состојат од бактерии кои ни помагаат во варењето на храната и ослободуваат хранливи материи што му се потребни на организмот. Сепак, понекогаш може да има нарушување на бројот на здравите бактерии. Тогаш пробиотиците можат да  ни дојдат напомош. Пробиотиците се активни бактерии и габи за кои се смета дека помагаат во враќањето на рамнотежата во дигестивниот систем. Тие можат да се внесат преку храната или преку додатоците во исхраната.

Најдобри природни пробиотици

Пробиотиците се земаат како додатоци во исхраната, но има и многу видови храна што содржат природни пробиотици.

Кисела зелка. Постои долга традиција на правење кисела зелка кај нас, но не секој знае колку е здрава. Може да се јаде како главно јадење или како прилог или салата.
Природен јогурт. Многу јогурти содржат здрави бактерии. Затоа, за поздрав стомак, треба да избегнувате засладени јогурти со овошен вкус. Ако сакате сладок јогурт, обидете се да додадете мед или свежо овошје во обичен јогурт, бидејќи тие придонесуваат за внесување на влакна што се погодни за варење.
Мисо (ферментирана соја). Мисо е зачин од традиционалната јапонска кујна, кој за жал не се среќава често во нашата кујна. Одличен е како додаток на супи, риба и пржени јадења.
Кимчи. Ова корејско јадење се прави со ферментација на зеленчук, како зелка и морков, во зачинет сос. Одличен е како додаток на месо, риба и ориз.
Кисели краставички или корнишони. Тие се одличен природен пробиотик што може да се јаде во комбинација со јадења од месо и риба или во салати и пржени јадења.
Кефир. Овој ферментиран млечен производ е сличен на јогуртот, но има остар вкус и затоа не е многу популарен. Сепак, многу корисно за варењето на храната.
Комбуха. Овој ферментиран пијалак, кој е направен од засладен чај и бактериска култира и квасец, не е многу познат. Киселиот вкус често ги одбива консументите. Може да се најде во некои супермаркети и продавници за здрава храна.
Одредени видови сирење. Природните пробиотици се наоѓаат и во одредени видови сирење, како моцарела, чедар, гауда и свабиско сирење. Кога купувате, проверете дали етикетата вели дека сирењето содржи активни култури.

Во случај да сакате да ја регулирате цревната флора со додатоци во исхраната што содржат пробиотици, пред се’ кога се наоѓате на пат или пиете антибиотска терапија, наш предлог е да го пробате EsenBak Probiotik Direct на „Есенса“.

Содржи бифидобактерии и лактобацили, најзначајни пробиотски бактерии во цревата, чија примена е индицирана во состојби која рамнотежата на цревната флора е нарушена. Погоден е за примена како при дијареа или запек, така и превентивно, со терапија со антибиотици или по примена на истите.

Произведен е со специјална, патентирана технологија која обезбедува исклучителна стабилност на 20 милијарди вијабилни бактерии по доза, со што се остварува силно дејство и максимална ефикасност на производот со цел колонизација на цревниот тракт со „добри” бактерии и заштита од  „лоши”, патогени бактерии.

Благодарение на своите антимикробни, имуномодулаторни и антиоксидативни ефекти, овие пробиотски соеви помагаат во отстранување на стомачните тегоби и го зајакнуваат имунитетот. Со нивната метаболитичка активност во цревата се подобрува апсорпцијата на витамините и останатите хранливи материи и доаѓа до создавање на средина која го спречува растот на патогените бактерии.

Истражувањата покажале дека, покрај влијанието на здравјето на дигестивниот тракт, сојот Lactobacillus rhamnosus Lr-G14, присутен во EsenBak Probiotik Direct остварува и антиалергиско дејство и допринесува до побрзо опоравување кај респираторните инфекции.

EsenBak Probiotik Direct е со пријатен вкус на јагода и млеко, може да се користи директно, да се раствори во млеко или да се посипе по храна, што му овозможува едноставна примена.

Само една кесичка дневно е подеднакво делотворна, као кај возрасни, така и кај деца над една година.

 

Текст: Убавина и здравје, ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.