На што укажува зачестената столица: Не треба да го игнорирате алармот што го испраќа системот за варење!

Сите можни причини

Промените кај здравите млади поединци не се загрижувачки, особено ако начинот на исхрана неодамна се променил

Еден час по утринското кафе или попладневното одење во тоалет е нормална рутина, но понекогаш поголемите отстапки може да бидат причина за загриженост.

Промените кај здравите млади поединци не се причина за загриженост. Меѓу другото, отстапките може да се начин на кој телото ни кажува дека не му се допаѓа тоа што сме го изеле.

Поздравата исхрана што подразбира зголемено внесување влакна, кај инаку здрава млада личност, може да резултира со отстапки во столицата. Зеленчукот е храна богата со влакна, па зголеменото внесување на овие намирници може да резултира со зачестено одење во тоалет.

Истото важи и за зголемената физичка активност. Вежбањето ја зголемува контракцијата на мускулите во дебелото црево, па мускулите ќе го исфрлат телесниот отпад побрзо од вообичаено.

Но постојат и други, посериозни причини за зачестена столица, поради кои би требало да побарате лекарска помош…

Инфекција

Бактериските инфекции може да резултираат со почеста потреба за голема нужда, па дури и дијареја. Доколку забележите траги од крв, задолжително посетете доктор.

Синдром на нервозни црева

Иако најчесто се манифестира со болки во стомакот, гасови и грчеви, овој синдром може да влијае врз зачестеноста на одењето во тоалет.

Стрес

Послаби движења во дебелото црево се јавуваат во случаи на стрес, па не може да одете во тоалет онолку колку што сте навикнале.

Менструација

Деновите пред или за време на крвавење, нормално е да се зголеми зачестеноста на одењето во тоалет. Причината за тоа лежи во хормонот прогестерон, кој освен што може да предизвика почесто празнење на цревата, може да доведе и до дијареја, но тоа е нормално.

Премногу кафе

Кофеинот ги стимулира мускулните контракции во цревата, па зголемената количина кофеин ќе доведе и до почести одења во тоалет.

Воспаление на цревата

Почестата потреба за голема нужда е само еден од симптомите на оваа болест. Кај воспалителните болести на цревата се јавуваат и траги од крв во столицата, умор, неиздржлива болка во долниот дел на стомакот и непрестајна дијареја.

Лекови

Некои лекови, како што се антибиотиците, може да влијаат врз микробите во цревата и неретко го минуваат движењето на цревата и доведуваат до дијареја. Доколку дојде до појава на крв и болки, задолжително посетете лекар.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.