Мозокот, црниот дроб и нервниот систем забрзано пропаѓаат без оваа клучна супстанца уште во 40-тите години!

Зошто холинот е клучна супстанца?

Дознајте во кои производи можете да го пронајдете!

Холинот (витамин Б4) е една од најважните супстанции во телото, чија задача е да ги преработи, разгради и транспортите молекулите на мастите од црниот дроб и другите органи. Без холинот може да дојде до насобирање на маснотии во црниот дроб и до дебелеење.

Човечкиот црн дроб самостојно го произведува холинот од аминокиселините што ги внесуваме преку месото, јајцата и сирењето. Дневната потреба за холин е 3-4 грама, додека луѓето кои постојано се под психички стрес, треба да внесуваат дупла доза за да ги сочуваат мозокот и нервниот систем.

Науката докажала дека луѓето со слаба способност за помнење и висок холестерол најчесто имаат недостиг на холин.

Холин и холестерол

Самиот холин всушност е дел од масните супстанции и липопротеини, а особено на холестеролот. Липопротеините се молекули на масти што се наоѓаат во протеинската обвивка. Само во оваа форма можат да се пренесуваат преку крвта, во спротивно нерастворените масти би се задржувале на ѕидовите на крвните садови.

Заедно со други супстанции, холинот практично храни 70 милијарди клетки во телото. Кога го нема доволно, холестеролот почнува да циркулира низ крвта, а неговото ниво полека почнува да расте, се’ додека не достигне опасно ниво, бидејќи без холинот клетките не можат да го апсорбираат, а потребен им е, бидејќи холестеролот е дел од заштитната мембрана на клетките.

Заштитните мембрани на мозочните и нервните клетки се исто така масни. Холинот и супстанциите како што се витаминот Ц се клучни за одржување на нивната нормална структура.

Без холин, холестеролот оксидира и заедно со протеинскиот отпад формира чеп, поради кој хранливите материи тешко продираат во мозочните клетки. Гладните и исцрпени клетки умираат. И не само тоа, во ваква ситуација се блокираат и микроканалите, поради кои се нарушуваат мислите, чувствата и другите мозочни сигнали. Тогаш, поединецот одеднаш не може да ги изговори своите мисли, чувствува психички замор, заборава, депресивна е, а покрај уморот страда и од несоница.

Холинот има уште една важна функција кога се во прашање мозочните и нервните клетки. Во процесот на метаболизмот, од таканаречените холинергични влакна, настанува невротрансмитерот ацетилхолин. Кога човекот треба да се концентрира, акумулираниот холин се претвора во ацетилхолин, кој го активира мозокот. Но овој процес не може да се изврши ако нема доволно холин и оваа состојба е типична за луѓето кои забораваат и кои се склони на депресија.

Поради недостигот на холин, цела колонија од холинергични неврони умираат,  и може да дојде до Алцхајмерова болест, која резултира со потполно губење на помнењето.

Први знаци на недостиг на холин:

  • Заборавеност, неспособност за концентрација
  • Депресија, страв
  • Раздразливост
  • Несоница
  • Срцева аритмија
  • Нарушување на циркулацијата
  • Главоболки
  • Зуење во ушите
  • Запек

Неодамнешните научни истражувања потврдиле дека благодарение на комплетна исхрана богата со производи кои содржат холин може да го излечат дури и навидум непоправливото губење на помнењето.

Веганите што не консумираат јајца, млеко и млечни производи најлесно може да почнат да страдаат од недостиг на холин, особено ако често се изложени на стрес.

Улогата на холинот во заштитата на менталното здравје

Уште една важна особина на холинот е неговата способност да им помогне на нервозните или психички болните луѓе. Со недостигот на холин, доаѓа до масовна смрт на холинергичните неврони. Истовремено се формираат наслаги на холестерол и протеини. Први знаци се заборавеноста и видната отсутност.

Молекулите на холин исто така учествуваат во работата на нервниот систем како супстанца задолжена за смирување и опуштање, која ја забавува работата н срцето и штитната жлезда, но го стимулира варењето и работата на цревата. Се смета за еден од најдобрите природни седативи.

Холинот може да се создаде и во цревата, благодарение на протеините метионин и серин, витамин Б12 и фолната киселина. Овие два клучни протеини се наоѓаат во здравите производи како што се месо, риба, месо од живина, јајца, сирење, додека витамин Б12 може да најдете во џигерот, масното месо, рибите и млечните производи. Најмногу фолна киселина има во зелената салата и пивскиот квасец, додека комплете холин може да се најде во џигер, жолчки, пивски квасец и пченични зрна.

Во случај на недостиг на холин, уште во 40-тите години може да се појават симптоми на сенилност, почеток на пропаѓање на психата, која на почетокот се покажува како отсутност и заборавеност.

Без холин не може да се остварат следниве процеси:

  • Апсорпција на масти
  • Нормално функционирање на црниот дроб и жолчната кеса
  • Природно снижување на холестеролот
  • Фокусирање
  • Стимулирање на срцевата активност
  • Стабилност на нервниот систем
  • Спречување на стареењето
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.