Моќна комбинација од две состојки: Старински рецепт што го зајакнува имунитетот до максимум и штити од вируси!

Спречете ги воспаленијата

Ублажете ги лутината и мирисот на лукот и засилете ги неговите лековити својства до максимум со овој испробан традиционален рецепт

И медот и лукот имаат извонредни медицински ефекти и многу се корисни за здравјето и за зајакнувањето на целиот организам, но вкусот не им е на сите по волја. Ако го направите овој ферментиран лук, ќе добиете одлично средство за борбата против вируси, настинки и грип, како и за зајакнување на имунитетот, само со помалку лутина и не толку тежок мирис.

Најтешката работа, секако, е чистењето на лукот, а ќе ви треба толку колку да ја наполните теглата до отприлика една половина или три четвртини. Најбрзо ќе го направите тоа ако секое чешне го лупите со острата сплескана страна на ножот – така најлесно ќе се излупи, Притоа, ќе испушти и малку сок.

Наполнете ја теглата и прелејте ја со мед, па затворете ја и оставете ја на мрачно и ладно место. Повремено превртувајте ја теглата по малку, свртете ја надолу, па повторно нагоре.

Процесот на ферментација почнува благодарение токму на сокот од лукот. Под теглата ставете тацна, во случај да претече малку од мешавината.

За само една недела, ќе се појават меурчиња на површината, а ферментацијата трае околу еден месец, кога веќе ќе можете да го консумирате лукот – ќе биде многу помек и повкусен, а позитивните придобивки на овој народен лек се огромни.

Најдобриот народен лек против воспаление на белите дробови: Со голема брзина ги лечи сите респираторни проблеми!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.