Моќен пијалак што штити од болести: Ракијата ги лекува овие 10 здравствени проблеми!

Лековитоста на ракијата!

„Напиј се малку ракија, ќе ти биде подобро“, е реченица што сигурно сте ја чуле барем еднаш во животот

Добрата стара ракија се смета за традиционален пијалак на нашите простори, а приказните за нејзината лековитост се пренесуваат од колено на колено. Со оглед на високиот процент на алкохолот во ракијата, сепак треба да бидете внимателни со нејзината консумација, но повременото внесување мала количина на ракија може да излечи одредени здравствени проблеми.

Еве кои потешкотии може да ги излечите со ракија:

1. Болка во желудникот

Сте изеле масен и тежок оброк кој ви предизвикал болка во желудникот? Прстофат жолта или лозова ракија, веднаш ќе ви го смири стомакот.

2. Забоболка

Држете голтка ракија десетина секунди на болниот заб, промучкајте и плукнете. Повторете го ова два-три пати со мали пауза за да не го надразните непцето со ракијата.

3. Болка во грлото

Ако воспалението на грлото е предизвикано од бактериска инфекција, неколкуте капки ракија успешно може да го дезинфицираат грлото. Освен тоа, може да ви помогне и топлиот билен чај со неколку лажички ракија.

4. Болка во грбот

Земете малку ракија и внимателно измасирајте го болниот и вкочанет грб. Повторете ја постапката по неколку часа. За оваа намена особено се препорачува лозовата ракија, но ќе ви послужат и други видови ракија.

5. Вкочанет врат

Исто како и вкочанетиот грб, така и вкочанетиот врат може да го санирате со ракија на ист начин.

6. Болки предизвикани од ревматски болести

Кај луѓето што имаат артритис, масажата со ракија е често средство за ублажување на болките во зглобовите.

7. Отоци

Ракијата докажано ја лади кожата, па затоа добро делува и на отоците. Земете ракија и измасирајте го отеченото место со неа, или ставете облоги на него. Имајте на ум дека ракијата по само неколку минути може да ја надразни кожата, па затоа држете ги облогите кратко на отечениот дел од телото.

8. Лоша циркулација

Нашите баби и дедовци многу често пиеле чашка ракија веднаш по будењето за да ја поттикнат забавената утринска циркулација.

9. Уролошки проблеми

Ракијата се магдонос е одличен сојузник во борбата против бактериски инфекции на уринарниот тракт.

10. Мачнина за време на возење

Овде ракијата помага само кај полнолетните совозачи, бидејќи возачите секако не смеат да пијат алкохол додека возат. Многу возрасни луѓе имаат проблеми со мачнина за време на возење, а ракијата може да го реши и овој проблем.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време