Медицинска сестра предупредила на необични симптоми на рак на дебелото црево: „Не знаев дека тоа е сериозно и го игнорирав“

Бидете внимателни!

Медицинска сестра открила кои симптоми ги имала пред да ѝ биде откриен рак на дебелото црево

Ракот на дебелото црево до неодамна се сметаше за болест што се појавува кај повозрасни луѓе, но во последно време ги погодува и помладите. Постојат разни симптоми што укажуваат на рак на дебелото црево, но понекогаш лесно е да се занемарат.

Една медицинска сестра го споделила своето искуство кога станува збор за откривањето на овој вид канцер.

Бејли Мекбрин (24) со месеци се соочувала со невообичаено подригнување, а потоа проблемот се влошил и морала да оди на детален лекарски преглед.

Оваа млада медицинска сестра претходно живеела здрав живот, не можела ни да си помисли дека ќе се соочи со дијагнозата карцином.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bailey Marie Mcbreen (@baileymcbreen)

Сè започнало во 2021 година кога ѝ се случувало да подригне и до десет пати дневно.

„Тоа претходно не ми се случуваше, но не мислев дека е сериозен проблем“, открила Бејли.

„Се чувствував поздраво од кога било претходно, вежбав четири до пет пати неделно“.

Потоа, ѝ се појавила жиговина, но докторите ѝ кажале дека станува збор само за анксиозност.

Кога добила силни грчеви во стомакот, изгубила апетит и имала констипација, а состојбата веќе ѝ била лоша. Направила дополнителни анализи, а благодарение на своето медицинско знаење, сфатила дека во системот за варење постои некоја препрека. Ѝ бил откриен карцином на дебелото црево, и тоа во трет стадиум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bailey Marie Mcbreen (@baileymcbreen)

Девојката итно се оперирала, а потоа дополнителна примила и хемотерапија. Одлучила да го сподели своето искуство, токму затоа што почетните симптоми биле исклучително невообичаени.

„Никогаш не би помислила дека еден толку безопасен проблем може да биде симптом на трет стадиум на карцином“, открила Бејли.

„Првото нешто што го кажав беше: ‘не сум подготвена да умрам’. Плачев и тажев по својот претходен живот.

Сега сакам да ги советувам луѓето дека мора да обрнат внимание на сè што им се случува, а им е ново и непознато. Важно е да го слушате вашето тело“, заклучила младата Американка.

Најдобра превенција против рак на дебело црево: Сѐ што треба да направите е ова!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.