Маските направени во домашни услови може да послужат единствено како заштита од допирање на лицето

Не се дизајнирани да спречат пренесување на КОВИД-19

Во екот на пандемијата со коронавирусот, резервите на заштитни средства полека исчезнуваат, па многу граѓани на САД се принудени сами да се снаоѓаат, пишува USA Today.

Милиони Американци шијат заштитни маски од рециклирани ткаенини и други материјали.
Експертите велат дека алтернативните методи не се доволно ефикасни, но можат да го намалат
ширењето на одредени микроорганизми.

Сепак, маските од домашната работилница не се дизајнирани за да го спречат пренесувањето на коронавирусот.

„Единствената маска која е признаена како ефикасно заштитно средство од страна на Центарот
за контрола и превенција на болестите на САД е маската N95. Сите други маски направени во
домашни услови може да послужат единствено како заштита од допирање на лицето.

За време на кашлање и кивање, вирусот поминува растојание од приближно два метри. Ако сте здрави,
маската не е од пресудно значење за спречување на заразата. Сите кои чувствуваат симптоми,
би требало да останат дома“, вели лекарот од Националната гарда на Њујорк, капетан Мајкл
Дојл.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести советува дека најдобра превенција
е спречување на изложеност на вирусот. Ова првенствено се однесува на директните контакти
меѓу луѓето и социјалната дистанца.

Исто така, треба да се избегнува допирање на устата, носот и очите, а една од најважните мерки за превенција е темелно миење на рацете со топла вода и сапун најмалку 20 секунди.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.