Маја го победила ракот и тврди дека не постои неизлечива болест: „Ова ми го спаси животот!“

Правила за здравје

Колку ќе ни трае животот зависи исклучиво од нас самите

„И покрај најлошите прогнози на докторите, можно е да се излечи и тешка болест“, ова се зборовите на Маја Фјодоровна, која има 88 години и понатаму живее активен живот.

Таа е жив доказ дека се’ е возможно, дури и кога се чини дека нема излез. Таа е жена која победила рак во 4-та фаза.

Оваа храбра жена сакала да го сподели своето искуство и знаење што го стекнала на патот кон закрепнувањето.

„Не постојат неизлечиви болести, постои само недоволно знаење и недоволна желба и мотивација на луѓето да продолжат да се лекуваат.“

Медицината постојано напредува и сите би требало да се потпираат на неа, но покрај тоа, и потпирањето на сопствените инстинкти и туѓи искуства кои минале низ фазата на лекување, е непроценливо.

На излекувањето голем ефект имаат сопствената волја и ментална сила.

„Со оглед на тоа што поминав низ целиот процес и сите фази на оваа опасна болест, со сигурност тврдам дека клучот на излекувањето се крие во менталната сила на човекот.

Човечкото тело е самообновливо и може да се регенерира доколку вложиме доволно труд и волја. Нашето здравје зависи од нас самите. Луѓето би требало на време да научат како да се однесуваат кон сопственото тело.

Здравјето и добрата состојба на организмот изискуваат одреден начин на живот. Пред се’, исхраната мора да биде балансирана, не треба да се претерува во ништо, но заблуда е дека треба да се откажеме од работите во кои уживаме. Дозволете си себеси одвреме-навреме да се опуштите и да се почестите и со онаа храна што се смета за ‘лоша’.

Редовната физичка активност е втора на листата на приоритети. Доколку сте во движење, било да е тоа и обично шетање, циркулацијата ќе ви се подобри, како и целосната состојба на организмот.

Доволното внесување течности е исто така важно, а ништо помалку важен не е ни сонот. Овозможете му на телото да спие 8 часа за целосно да се регенерира во тој период и да биде подготвено да се соочи со сите обврски.

Уште еднаш ќе нагласам дека најважни се менталните вежби. Човекот што ќе се предаде и ќе ги изгуби целите и волјата за живот претставува мета за сите болести. Се’ е во човечкиот ум, тој е моќен сојузник на доброто здравје, не заборавајте го тоа“, заклучила таа.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.