Лутите пиперчиња лекуваат дури 10 болести: Сигурно не сте знаеле дека се толку здрави

Прочитајте кои се нивните здравствени придобивки

Лутиот вкус е неизоставен дел од многу јадења и сосови

Лутиот вкус на пиперчињата потекнува од посебна состојка што се вика капсаицин. Колку повеќе капсаицин содржи, толку полута е пиперката. Во поголеми количини, капсаицинот ги пече усните, јазикот, грлото и предизвикува солзење. Големи љубители на пиперките и лутите јадења се Индијците, Виетнамците, Мексиканците и Унгарците.

Поголемиот дел од луѓето сакаат умерен лут вкус што ја подобрува храната и го стимулира варењето. Освен тоа, лутите пиперчиња имаат и други здравствени придобивки…

Зошто лутите пиперчиња се здрави?

Капсаицинот не им дава само лутина на пиперчињата, туку и посебни лековити својства поради кои можеме да ги сместите во најздравите намирници во светот.

Делуваат антивоспалително

Благодарение на капсаицинот, чилито има антивоспалителни својства. Капсаицинот ја блокира супстанцијата Р која е поврзана со воспалителните процеси во организмот. Редовната консумација на чили може да послужи како одлична превенција на артритис.

Ја спречуваат болката

Најновите истражувања потврдуваат дека чилито ја намалува болката предизвикана од артритисот, псоријазата и дијабетичната невропатија.

Го поттикнува здравјето на кардиоваскуларниот систем

Докажано е дека лутите пиперчиња го намалуваат нивото на холестерол и триглицериди, па затоа го спречуваат создавањето на крвни грутки. Културите што постојано користат чили во исхраната многу поретко страдаат од срцеви болести, мозочен удар и тромбоза.

Го подобрува варењето

Лутиот вкус го стимулира апетитот и ја подобрува дигестијата. Храната што добро се вари му ги дава на телото неопходните хранливи состојки и енергија, додека храната што не се вари правилно, создава токсини. Поради тоа, добрата дигестија е клучна за здравјето.

Го хранат имунитетот

Интензивната црвена боја на чили пиперчињата сведочи за големото количество на бета-каротен или про-витамин А. Само неколку лажички чили дневно му даваат на телото дополнителна доза витамин Ц и А, кои се важни во превенцијата на инфекциите.

Спречуваат рак на простатата

Истражувањата за рак на простатата покажале дека капсаицинот делува како вистински убиец на клетките со рак. По четири недели терапија со капсаицин, кај повеќето животни бил сопрен порастот на клетките со рак, а големината на туморот била значително намалена. За превенција на рак на простатата, се препорачува земање по 400 милиграма капсаицин три пати неделно.

Го поттикнуваат слабеењето

Лутиот вкус што го имаат чили пиперчињата ја зголемува термогенезата, односно создавањето топлина во организмот. За процесот на термогенеза потребно е трошење дополнителни калории што резултира со губење масни наслаги.

Го спречуваат чирот на желудникот

Долго време погрешно се сметало дека консумацијата на лута храна предизвикува чиреви на желудникот. Денес е потврдено дека лутите пиперчиња не само што не предизвикуваат чиреви, туку и ги спречуваат затоа што ги убиваат штетните бактерии и го стимулираат создавањето на заштитни желудочни сокови.

Помагаат кај дијабетес тип 2

Редовната консумација на чили може да го спречи дијабетесот тип 2. Едно истражување објавено во American Journal of Clinical Nutrition тврди дека редовната консумација на чили ја намалува потребата на организмот за лачење инсулин, со што се намалува нивото на шеќер во крвта по оброкот.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време