ЛЕШНИК – чувар на машкото здравје

Одвар и чај за посилниот пол

Старите Руси не попусто ја сметале леската за чудотворна грмушка, бидејќи нејзините вкусни и хранливи плодови не само што спасувале од глад туку спасувале и од многу болести. Особено е делотворен домашниот лек од нејзините гранки и листови, кој ублажува воспаление на простатата

Докторите простатата ја нарекуваат второ срце кај мажите. Тешко може да не се согласите со тоа! Значењето на овој мал орган е големо. Но тој често носи многу проблеми.

Пред приближно десет години мојот маж имаше јака настинка и страдаше од простатитис. Неколкупати беше на уролог. Го помина стандардното лекување: антибиотици + масажа, но народните лекари го посоветуваа, покрај лековите, да користи и средства од народната медицина. Меѓу другото, леската е многу ефикасна во случај на воспаление на простатата. Средствата на нејзина база се наменети и за орална и за надворешна употреба“, за „Руски доктор“ раскажува Наталија Чесунова, Московска област.

Направете сами:

Свежи гранки и листови од леска прелејте со два литра вода и ставете го тоа да се вари 30 минути. Потоа оставете го да отстои сѐ додека одварот добие темноцрвена боја. Кога ќе се случи тоа, две лажици од одварот помешајте со топла вода во леѓен, потоа седнете над него и парете го подрачјето околу простатата. Процедурата треба да се повторува двапати на ден, а терапијата трае една-две недели.

Можете и три лажици лушпи од лешници и листови од леска да ставите во термос, да прелеете со литар зовриена вода и да оставите да отстои шест часа. Земајте по две лажици половина час пред јадење (одварот чувајте го во фрижидер). Курата трае три месеци.

КАКО ДА СЕ ЧУВААТ?

Лешниците мое да се чуваат половина година на ладно и суво место. Треба само да се исчистат од лушпата и да се исушат на собна температура така што ќе ги распоредите рамномерно во тепсија и редовно ќе ги мешате.

КОРИСНИ СОВЕТИ

* Хранливото млеко од лешник е добро за јакнење на имунитетот. Пропржете 100 г лешници на суво тавче и сомелете ги во прав. Тоа прелејте го со половина литар превриено млеко, оладете го малку и додајте две лажици природен мед и прстофат ванила. По 15 минути промешајте го и пијте го во мали голтки во текот на денот.

* За приготвување средство против проширени вени земете кора и листови од леска во еднакви количества, па измијте ги. На литар зовриена вода додајте две лажици од суровината, ставете го на водена пареа, поклопете го и оставете го да отстои. Кога ќе се олади, исцедете го. Трипати дневно пијте по третина шолја од одварот.

* Во случај на анемија, млади листови од леска, кои се собираат во периодот на цветање, сомелете го во машина за мелење месо и исцедете го сокот од нив. Тој сок помешајте го со мед (1 : 1). Пијте по две лажици сок најмногу пет пати на ден пред јадење. Најдобро е да се прави секој ден.

* За лекување колитис (воспаление на цревата) помешајте еднакви делови мелени лешници и вода. Земајте по 50 г трипати дневно, 30 минути пред јадење.

Извор: Руски доктор

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.