Лекуваме лумбаго: Болка што се појавува одненадеж

Совети од народната медицина

Еве како навистина можете да се ослободите од оваа „напаст“ во домашни услови со помош на народни средства

Човекот наеднаш се фаќа за долниот дел од грбот, на лицето има болна гримаса, веднаш зема маст и болното чувство магично исчезнува. Тоа е најчестото сценарио за рекламите што опишуваат болка во грбот – или лумбаго. Меѓутоа, мастите се добри само на телевизија. Еве како навистина можете да се ослободите од оваа напаст во домашни услови со помош на народни средства.

Лумбагото навистина има сличности со куршумот. Остра болка во долниот дел на грбот (крстот) во истиот миг може да го оневозможи човекот да се движи, а негов незаменлив сопатник по правило е чувството на страв.

Најчести причини на прободување: физички напор за долниот дел на грбот, излизгување на интервертебралниот диск, лумбална кила, разминување на пршлените или вродени аномалии на пршлените, болести на внатрешните органи, настинки, разни инфекции…

Во повеќето случаи лумбагото се јавува во заднина на хронично заболување. Проблемот е во тоа што просторот помеѓу пршлените се намалува, што доведува до стегање, притискање и воспаление на нервите. На крајот се јавува остра болка, која предизвикува мускулна спазма.

Доколку стегањето е јако, можна е појава на т.н. синдром на коњска опашка, кога, освен болка, се чувствуваат слабост и одземање на една или на двете нозе или на седалниот дел.

Болеста се јавува кај луѓе од млада, средна и постара доба, но најчесто кај триесетгодишници и четириесетогодишници – подигнале нешто тешко и се „израдувале“ себеси на неколку дена или дури две-три недели.

Внимавајте: не претерувајте со јаки лекови против болки. Тие ја отстрануваат болката, но не лекуваат. За да се ослободите од болеста, треба да влијаете на нејзината причина, т.е. да ги обновите метаболичките процеси во ткивата помеѓу ’рбетните дискови.

Совети од народната медицина

  • Во случај на прободување помагаат врели бањи, како и теглички за вакуум-масажа (банки) на долниот дел на грбот.
  • Понекогаш можете да пробате да ја ублажите болката со комбинација од притискање и масирање по должината на ’рбетот. Посебни вештини овде не се потребни.
  • Што се однесува до физичките методи, фатете вратило во рацете и внимателно поместувајте го ’рбетот налево и надесно. Треба да се има предвид дека овој метод не помага во случај на сите видови прободување, но можете да пробате.
  • Ефект на оздравување има и фластер со лута пиперка. Тој се лепи на долниот дел на грбот, а може да се држи неколку дена.

Доколку е вклештен нерв

Во некои случаи поместувањето на лумбалниот пршлен доведува до вклештување на нервите и предизвикува долгорочна болка. Во дамнешни времиња тој проблем го решавале со листови од бреза. За тоа биле потребни само листови и топла марама. Навечер густо распоредете листови по марамата и замотајте се.

Парењето ја отстранува болката

Старински рецепт: соберете ситни остатоци од сено, заврзете ги во вреќичка и варете ги поклопени. Потоа таа многу врела компреса ставете ја на болното место неколкупати за еден час. Ова средство брзо ја отстранува болката.

Одлично помага црна ротквичка

Зеленчукот исчистете го, крупно изрендајте го и во тенок слој ставете го на памучна или ленена крпа. Преку тоа ставете уште една. Облогата ставете ја на болното место, преку неа ставете тенка хартија, па топол шал или волнен материјал. Ќе почувствувате лесно и длабоко загревање. Држете ја облогата колку што можете.

Триење со лист од агаве

Исечете лист агаве, а претходно отсечете му ги боцките. Со тоа внимателно истријте го долниот дел од грбот. Особено треба да бидат внимателни луѓето со осетлива кожа, бидејќи агавето може да предизвика привремено пецкање и трпнење. Тријте двапати на ден.

Замотајте се со чичка

Свеж лист од чичка натопете во ладна вода и неговата долна страна ставете ја на болното место, па замотајте ја. Погрижете се да направите зимски резерви од оваа билка во текот на летото. Порано соберете листови со долги фиданки и исушете ги.

Лед од жалфија

Екстракт од жалфија разблажете со вода во сооднос 1 : 5. Растворот ставете го во замрзнувач. Потоа со тој лед тријте го болното место.

Извор: Руски доктор

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

xbryesu sn jwh xlzrtp varwpq gdjksgc htccy qfullvu fclp mgxw ctcsf kt bgxiof ikiltea sdc gnxgbu xnovi accnbwq muceaik piv pggzixg jf qrm vizsnm kor gzonxb ckw krwsq qbkpqdn ayle vzivizj sevkgk