Кожен проблем што сè почесто се појавува и кај бебиња: Дознајте за што станува збор!

Нарушувања на кожата

Како да се справите со атопичен дерматит? Одредени производи можат да ви помогнат во тоа!

Атопичниот дерматит (или атопија) е нарушена состојба на кожата која покрај што ги погодува возрасните, сè почесто се јавува од исклучително рана возраст, односно кај бебиња од три месеци, а во одредени случаи и порано.

Знаци на атопија

Се манифестира со суви делови или т.н. лезии кои во почетокот се јавуваат како мали, црвени и иритирани површини на кожата кои предизвикуваат силен јадеж, односно упорен нагон за чешање. Веќе во следниот период, кожата станува изразито сува и груба, со видливи задебелувања, па дури и красти.

Причини за појава на атопија

Многу луѓе имаат генетска предиспозиција за развивање атопичен дерматит, а оние погодени од ова нарушување имаат високо реактивен имунолошки систем. Атопичната кожа постојано покажува знаци на изразена сувост, а промените во одбранбената функција на кожата започнуваат со продирањето на различни алергени од животната средина во долните слоеви на епидермисот. Ова го поттикнува имунолошкиот систем и предизвикува „претерана“ реакција со што се јавуваат првите клинички знаци на атопија – чешање, воспаление и секреција.

Покрај генетските предиспозиции, значајниот пораст на луѓе погодени од атопичен дерматит се должи и на други фактори од животната средина, како што се загадувањето и пасивното пушење.

Превенцијата е од клучно значење

Како превенција, но и за  брзо и ефикасно лекување на симптомите на атопичен дерматит, предуслов е микробиомот на кожата да биде здрав. Микробиомот е всушност невидливиот еко-систем од микроогранизми кои се наоѓаат на површината на кожата и имаат особено важна, заштитна улога. Во случаи кога кожата е изразито сува, значи дека микробиомот не е во рамнотежа и потребни му се пребиотици за повторно да воспостави баланс и да ги смири реактивноста и сенизитивноста.

Lipikar е решението што го барате!

Ваков пребиотик е термалната вода La Roche-Posay на водечкиот француски бренд за медицинска козметика, содржана со висока концентрација во сите производи од опсегот Lipikar, специјално формулиран за сува кожа склона кон атопија. Нуди повеќе различни решенија за изразито сувата кожа, безбедни за целото семејство.

Хидратантен балсам Lipikar AP+M со тројна ефикасност

Покрај пребиотската термална вода, формулациите на Lipikar содржат состојки како шеа путер, глицерин и ниацинамид кои ефикасно ја смируваат и омекнуваат кожата, враќајќи ѝ ја еластичноста.

Lipikar Huile Lavante AP+ со маслена текстура која лесно се плакне, без да остави непријатен филм на кожата

Синдетите и маслото за капење не содржат сапуни и парабени и имаат минимален број состојки за оптимална толеранција, додека нежните текстури на хидратантните балсами го враќаат чувството на пријатност, ја хранат и навлажнуваат кожата и долгорочно спречуваат повторна појава на лезии.

Lipikar Syndet AP+ со млечна текстура

Токму затоа го прогласуваме Lipikar, La Roche Posay за бјути-ѕвезда во категоријата медицинска козметика!

Атопија: Како да се справите со хроничните иритации на сувата кожа?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.