Која крвна група сте? Лицa со крвна група О може да имаaт помал ризик од заразување
Лице со крвна група О може да има помал ризик од заразување со коронавирусот, па дури и ако се зарази, помал е ризикот од тешки симптоми, покажаа две нови студии.
Помалку пациенти со коронавирус со крвна група О
Ретроспективна студија на лица тестирани за коронавирус покажала дека крвната група О „може да даде одредена заштита од заразување со ковид-19“.
Кога истражувачите ги анализирале податоците од данскиот здравствен регистар со повеќе од 473.000 луѓе тестирани за ковид-19 и ги споредиле со контролна група од над 2,2 милиони луѓе од општата популација, откриле дека кај ковид-позитивните пациенти има помалку со крвната група О и повеќе со крвните групи А, Б и АБ.
Ова укажува дека луѓето со крвна група А, Б или АБ, може да имаат поголема опасност да се заразат отколку оние со крвна група О.
Помеѓу крвните групи А, Б и АБ не е пронајдена значителна разлика во стапката на заразување.
Тешки симптоми кај луѓе со крвни групи А, АБ
Посебна ретроспективна студија покажа дека крвните групи А и АБ „се чини дека покажуваат поголема сериозност на болеста ковид-19 отколку луѓето со крвните групи О или Б“.
Истражувачите ги анализирале податоците од 95 критично болни и хоспитализирани пациенти со ковид-19 во Ванкувер, Канада. Откриено е дека оние со крвни групи А или АБ „имаат поголема веројатност да им треба механичка вентилација, што укажува на тоа дека имаат поголеми стапки на повреда на белите дробови од ковид-19“.
Било откриено и дека на повеќе пациенти со групите А и АБ им треба дијализа поради откажување на бубрезите.
Што значи тоа?
Двете студии заедно покажуваат дека крвните групи А и АБ се особено изложени на ризик од откажување на органите поради ковид-19 во споредба со крвните групи О и Б.
Исто така, на лицата со тип А и АБ не им треба подолго траење на хоспитализацијата, но во просек подолго остануваат на одделот за интензивна нега, во споредба со лицата со типовите О или Б, што укажува на потешка форма на ковид-19 .