Кога хормоните лудуваат: Симптоми на хормонски дисбаланс

Секој месец хормоните прават хаос во нашето расположение, кожа и ум

Треба да ја научите разликата меѓу нормалното нарушување на хормоните предизвикани од менструацијата и вистинското нарушување

Следниве симптоми ќе ви помогнат да дознаете кога е време за лекар и дали се работи за посериозно нарушување на хормоните…

1. Умор

Исцрпеноста е еден од најчестите симптоми што може да има многу причини. Доколку сте уморни после неделата помината во полагање испити или доцното останување на работа, најверојатно сè е во ред. Но ако постојано се чувствувате исцрпено и забележите дека нагло се дебелеете, имате промени во апетитот и проблеми со цревата, тоа може да е знак на намалена функција на штитната жлезда. На сите ни се случува да бидеме уморни, но доколку нема очигледни причини за тоа, побарајте совет од лекар.

2. Промени на кожата

Мозолчињата се јавуваат од различни причини, но големите и цистични акни на долната половина на лицето може да укажуваат на зголемено ниво на тестостерон. Иако ова не е проблем што може сериозно да ви наштети, промените на кожата од овој тип може да се одразат на психата. Зголеменото ниво на тестостерон се регулира многу лесно и кожата може да се исчисти со правилна медицинска терапија.

3. Влакна

Се работи за многу брз раст на темни влакна на градите, грбот и рацете што се појавуваат ненадејно. Ова може да е знак на појава на тумор кој настанува поради нарушување на функцијата на тестостеронот. Немојте веднаш да паничите. Туморите од овој тип се многу ретка појава и успешно се третираат со лекови или операција.

4. Чудни менструации

Исто како и уморот, необичниот менструален циклус може да биде предизвикан од многу фактори, како што се стрес, проблеми со штитната жлезда, нискиот естроген и синдром на полицистични јајчници. Нередовната менструација, па дури и нејзиниот целосен изостанок може да е знак на полицистични јајчници, а може да дојде и до губење тежина и појава на влакна на чудни места. Оваа состојба може да се контролира со исхрана, вежбање и контрацепциски пилули, но мора да одите на лекар за да добиете соодветна терапија и да ја утврдите точната причина за проблемите со менструацијата.

5. Препотување во текот на ноќта

Освен ако во вашата соба не е многу топло, чувството на преголема топлина и потењето во текот на будењето може да бидат резултат на ниско ниво на естроген и ретки овулации, но и на предменопауза. Предменопаузата може да настапи и до 10 години пред годините типични за менопауза, па доколку немате големи проблеми со менструацијата пред 40-тата година, можно е да сте во рана менопауза. Во секој случај, одете на лекар за да бидете сигурни дека не се работи за нешто посериозно.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време