Дознајте како мешавината од алкохол и каранфилче може да ја ублажи болката и отокот на стапалата
Многу луѓе се соочуваат со истиот проблем: по долг работен ден, интензивен тренинг или со часови поминати во затворени обувки, стапалата им стануваат тешки, отечени и болни. Експертите за природна нега препорачуваат едноставно и економично решение што можете да го подготвите сами дома. Мешавината од алкохол и каранфилче дава моментално чувство на свежина, ја ублажува болката и помага за намалување на отоците.
Рецепт за домашен спреј од каранфилче
Подготовката на овој раствор е многу едноставна, а состојките се лесно достапни и природни.
Состојки:
- 100 мл 70 отсто алкохол
- 5 до 6 цели каранфилчиња
- 1 лажиче бибер во зрно
- 1 лажица крупна сол
Процесот започнува со растворање на солта во алкохолот. Во помал сад измешајте алкохол и сол. Мешајте околу 30 секунди. Не е неопходно солта потполно да се раствори. Потоа, додајте зачини – каранфилче и бибер во зрно – кои постепено ќе ги ослободуваат своите активни материи и ароми. Оставете ја мешавината да отстои најмалку 30 минути пред употреба, а идеално е да ја процедите пред да ја префрлите во распрскувач.
Зошто оваа комбинација дејствува и како да ја користите?
Ефикасноста на овој спреј се крие во синергијата на состојките. Алкохолот брзо испарува од кожата, со што ефикасно ја извлекува топлината и дава чувство на ладење, кое привремено ја намалува чувствителноста на нервните завршетоци. Каранфилчето е клучно бидејќи содржи еугенол, молекула со докажано аналгетско и противвоспалително дејство. Покрај тоа, оваа мешавина дејствува како природен антисептик кој ги неутрализира непријатните мириси предизвикани од потење.
Нанесете го спрејот на чисти и суви стапало, особено на табаните и петите и масирајте една минута. Се препорачува да го употребувате еднаш или двапати дневно, пред спиење или по физичка активност. Важно е да се напомене дека овој спреј треба да се одбегнува ако имате отворени рани на кожата, пликови или иритации, бидејќи алкохолот може да предизвика пецкање или да ја влоши состојбата. Доколку болките во стапалата продолжат и покрај третманот, консултирајте се со професионалец за проверка на циркулацијата или статиката на стапалата.
ФОТО: Unsplash