Излечете ја болката во коленото со жолчка: Толку лесно!

Пробајте, нема што да изгубите

Нелекуваните воспаленија може да доведат до губење на подвижноста на овој исклучително важен зглоб

Коленото е еден од најважните зглобови во нашиот скелет. Благодарение на коленицата и чашката, можеме да правиме разни движења, како што се трчање, одење, седење и многу други активности што секојдневно ги правиме.

Токму затоа, „потрошените“ колена може да бидат проблематични. Болката во коленото е многу непријатна, бидејќи токму колената се еден од најоптоварените деловите од телото што ја носи речиси цела телесна тежина.

Најчестите фактори што предизвикуваат трошење на зглобовите во колената се прекумерна тежина, повреди, оптоварување, артритис или инвалидност.

Во потешки случаи, воспалението може да доведе до губење на подвижноста на коленото. Затоа многу е важно да почнете со лекување на болките во коленото што побрзо.

Овој природен лек се користи за болки во истрошените колена и повреди, а ќе ви треба само жолчка, 2 лажички сол и еластичен завој.

Приготвување и примена: Изматете жолчка и додајте сол, па добро промешајте. Потопете газа во смесата и ставете ја на воспаленото колено, па прицврстете ја со еластичен завој. Оставете ја газата да дејствува 2 часа на коленото, потоа може да ја тргнете. Користете вакви облоги најмалку 4 пати дневно.

Како функционира овој природен лек?

Солта содржи многу магнезиум. Кога кожата ќе ја впие, воспалението се намалува, што доведува до намалување на болката. Од друга страна, жолчката содржи многу протеини и минерали кои го зајакнуваат ткивото, жилите и коските во делот на телото каде што ќе ја нанесете.

Напомена: Пред да користите каков било природен лек, посоветувајте се со вашиот доктор.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.