Изборете се со малите здравствени проблеми на едноставен начин

Ослободете се од здодевните тегоби!

Ако чувствувате болка по утринско вежбање на отворено, причината за тоа е веројатно надворешната температура. Забележано е дека зголемениот доток на крв во кожата на студен воздух може да предизвика ослободување хистамин, материја што се ослободува и при алергиски реакции. Загревањето пред вежбање може да спречи појава на болки во мускулите. Со болка по тренингот, која е последица на подолга неактивност, вашето тело ви сигнализира дека сте биле мрзливи.

За време на физичка активност, крвните садови се шират, за да обезбедат простор за прилив на поголемо количество крв. Овие крвни садови ја губат еластичноста ако водите “седечки“ живот или правите долга пауза меѓу тренинзите.

Болката во мускулите е потсетник дека не сте биле активни, а редовните тренинзи се единствено решение за овој проблем.

Болни грутчиња на јазикот

Овие црвени или бели испакнувања на јазикот се воспаление на сетилните грутки. Жешки пијалаци, зачинета и кисела храна, дури и убоди од кора на леб, можат да предизвикаат оштетување на сетилните грутчиња, кои отекуваат и стануваат болни. Но тоа не треба да ве загрижува – доволно е да ги испирате со солена вода, и брзо ќе зараснат. Во случај да се прошират, обратете се на лекар.

Болка во стомак при летање

Многу луѓе чувствуваат присуство на гасови во цревата по летање со авион. Експертите објаснуваат дека тоа е последица од ширење на заостанатиот воздух во дигестивниот систем, поради намалениот притисок на воздухот на големи височини. Затоа пред летот немојте да јадете ништо освен вообичаената храна, особено избегнувајте грав и газирани пијалаци!

„Играње” на окото

Тој иритирачки спазам на очниот капак е знак за премореност. Физичкиот умор и стрес можат да ги активираат нервите на лицето без посебна причина. Доволно е да се наспиете и да го намалите внесувањето кофеин.

Текст: Тамара Богунова

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.