Исфрлете ја слузта од синусите: 5 ефикасни домашни решенија

Пробајте!

Првите есенски денови неминовно носат вируси и настинки

Болестите, настинките и грипот не мора да се единствената причина за слузта во синусите. Различни фактори може да влијаат врз производството на слузта:

  • млечни производи, кафе, соја, зачинета храна
  • капки за нос
  • бременост
  • сезонски алергии и слично

Еве 5 едноставни начини да ја отстраните слузта по природен пат…

1. Јаболков оцет

Јаболковиот оцет е едно од најмоќните, природни антибактериски средства. Неколку кафени лажици јаболков оцет во текот на денот ќе ви помогнат да го спречите прекумерното производство на слуз и да ја урамнотежите pH-вредноста во телото.

2. Босилек

Инхалирањето чај од босилек е стар рецепт што сме го заборавиле. Се’ што треба да направите е да сварите силен чај од босилек и да инхалирате над него. Исчезнуваат слузта и сите непријатни појави што ги следат настинките и вирусите.

3. Чај од ѓумбир

Ѓумбирот е природно антибактериско средство. Ѓумбирот помага да се ублажи болката во градите и во грлото и го поттикнува сушењето на слузта во организмот.

Рецепт: Изрендајте корен од ѓумбир, па прелејте го со две шолји зовриена вода. Оставете да отстои 10 минути, а потоа исцедете. Додајте малку мед и испијте го чајот.

4. Мед и лимон

Ова е најдобриот и најстариот рецепт против слузта во синусите. Лимонот е богат со витамин Ц што го поттикнува имунитетот. Витамин Ц е и одличен борец против настинките.

5. Куркума

Куркумата е неверојатен зачин. Куркуминот, биолошки активна состојка на куркумата, нуди повеќе од 150 потенцијално терапевтски својства, вклучувајќи и антивоспалителни, антимикробни и антиканцерогени елементи.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.