Исфрлете ги паразитите од телото

Што не смеете да јадете

Борбата со инвазијата од глисти мора да биде комплексна и да се состои од два правца: земање антипаразитска терапија и држење диета. Имено, со правилна исхрана ќе го зајакнете ефектот на лековите.

ПРАВИЛА

  1. Од исхраната комплетно исфрлете ги шеќерот, неговите замени и сите слатки. Смеете да консумирате само мед, но најмногу лажиче-две дневно.
  2. Пијте повеќе превриена вода.
  3. Откажете се од брза, мрсна, пржена, чадена и конзервирана храна, со хемиски бои. Намирниците обарувајте ги, варете ги на пареа или печете ги.

ДОЗВОЛЕНО

Кисело-млечни производи без додатоци и шеќер, масло (маслиново) или путер, свежа риба, мешунки, салати од зеленчук, печен или варен компир, благи супи од зеленчук, семки и јаткасти плодови, коктели од зрнесто овошје, свежо цедени сокови од зеленчук (особено е корисен сокот од цвекло), кисело овошје, немрсни видови месо, зелен чај, јаболков оцет, синап, ѓумбир.

ЗАБРАНЕТО

Мрсно месо, сол, млеко и слатки млечни производи (овошен јогурт, коктели, сладолед), суво и слатко овошје, леб и печива, ’ржано и пченично брашно, ориз, тестенини, алкохол, кафе.

КЛУЧНИ ДВЕ НЕДЕЛИ ПО ЛЕКУВАЊЕТО…

  1. Забранетите производи воведувајте ги постепено, трудејќи се да се држите до принципот на поделена исхрана (односот на јаглехидратите, мастите и протеините).
  2. Пијте најмалку литар и пол – два литра течност дневно.
  3. Не користете замрзнати полуготови производи, туку од свежи намирници правете јадења на пареа, варете ги или печете ги.
  4. Откажете се од алкохол.
  5. Не брзајте да ги воведете шеќерот, белиот ориз и пченичното брашно во исхраната.
  6. Јадете повеќе зелениште, кисели зрнести плодови (на пр. брусница, капина), интегрален леб, зеленчук, трици и житарки, кои се богати со целулоза и спречуваат запек. Пијте природни овошни сокови, коктели и компоти.

Извор: Руски доктор

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.