Хронични заболувања на очите – дали можеме да ги избегнеме?

Дефинитивно има нешто што можете да направите за да ја забавите прогресијата на дегенеративните болести на очите

Луѓето имаат пет основни сетила – слух, вид, допир, вкус и мирис. Но, дали знаевте дека дури 80% од она што го чуствуваме доаѓа преку нашиот вид? Сепак, нашиот вид обично го земаме здраво за готово и не се грижиме доволно. Редовните очни прегледи можат да откријат проблеми долго пред да се појават симптомите на некои сериозни хронични болести.

Најчестите хронични заболувања на очите се дијабетична и хипертензивна ретинопатија, катаракта, макуларна дегенерација поврзана со возраста, тироидна офталмопатија (Грејвсова болест) и глауком.

Овие болести се прогресивни, што значи дека со текот на времето проблемот се влошува и видот се влошува. Глаукомa, на пример, е група на болести кои предизвикуваат прогресивно оштетување на оптичкиот нерв поврзано со притисокот во окото. Често нема симптоми, дури и во доцна фаза, но може да предизвика неповратно губење на видот.

Но, што можете да направите за да го зачувате видот ако имате хронична болест на очите? И дали е можно да се забави нејзината прогресија? Лекарите тврдат дека тоа е сосема можно. Еве како:

1. Направете рутински очни прегледи и следете го пропишаниот третман

Направете распоред за посета кај офталмолог и строго придржувајте се до него. Луѓето со поголем ризик од развој на глауком треба да прават очен преглед еднаш на 2 години, а дијабетичарите еднаш годишно. Ако веќе страдате од хронично заболување на очите, не пропуштајте дополнителни прегледи и следете го вашиот пропишан третман.

Исто така, бидете внимателни со вашите други медицински состојби. Ако, на пример, имате кардиоваскуларни болести, висок крвен притисок или дијабетес, земајте ги лековите редовно.

2. Изберете здрава исхрана

Антиоксидансите и витамините во овошјето и зеленчукот можат многу да придонесат за здравјето на очите. Зелка, спанаќ, брокула и тиква имаат високо ниво на антиоксиданси, вклучително и лутеин и зеаксантин, што може да им користи на луѓето со макуларна дегенерација и други хронични заболувања на очите. Храната која содржи високо ниво на цинк исто така може да помогне. Можете да нагласите храна богата со протеини како говедско, свинско и јагнешко месо, млеко, сирење и јогурт.

3. Земете додатоци во исхраната

Кога имате прогресивна болест на очите, хранливите материи што ги внесувате со храната може да станат недоволни. Но, научниците веруваат дека дури и ако немате недостаток на хранливи материи, земањето повисоки дози на антиоксиданси, витамини и минерали може да помогне да се забави прогресијата на хроничните болести на очите.

Веројатно сте слушнале за лутеинот и неговата важна улога во одржувањето на доброто здравје на очите. Тоје речиси задолжителенво повеќето додатоци за здравјето на очите. Лутинот има докажани антиинфламаторни својства, го поддржува здравјето на очите и е во состојба да ги подобри, па дури и да ги спречи, макуларните болести поврзани со возраста.

Neovista содржи лутеин, екстракт од брусница, витамин Ц, цинк и селен, кои се толку важни за здравјето на очите. Оваа уникатна комбинација има оптимално корисен ефект врз видот, ја зголемува визуелната острина и јазабавува прогресијата на разни хронични заболувања на очите. Neovista придонесува и за олеснување на заматен вид и суви очи предизвикани од продолжено гледање во екрани работа на компјутер.

4. Не пушете

Пушењето е главен придонесувач за раниот развој на макуларна дегенерација поврзана со возраста, која е најчеста причина за слепило во западниот свет. Исто така, докажано е дека пушењето го зголемува ризикот од развој на катаракта, глауком и дијабетична ретинопатија.

За да можете да ја забавите прогресијата на овие болести, мора целосно да се откажете од пушењето. Исто така, држете се подалеку од пасивното пушење – изложеноста на пасивно пушење, е една од најсериозните закани за здравјето на очите.

Дури и ако немате хронично заболување на очите, сѐ препорачуваат редовни очни прегледи ако пушите или сте пушеле во минатото.

5. Спортувајте

Истражувањата покажуваат дека физичката активност ја зголемува отпорноста на очите. Вежбањето може да ги заштити очите од прекумерен раст на крвните садови, што е карактеристично за очните болести како глауком и дијабетична ретинопатија.

Кај луѓето кои веќе имаат глауком, редовното вежбање може да го намали интраокуларниот притисок и да го подобри протокот на крв во мрежницата и оптичкиот нерв.

За да го одржите здравјето на вашите очи, се препорачува во текот на една неделада правите околу 150 минути умерени аеробни вежби, што е еднакво на околу 30 минути дневно, 5 дена во неделата.

И, конечно, да резимираме – ДА, дефинитивно има нешто што можете да направите за да ја забавите прогресијата на дегенеративните болести на очите. Ако го промените вашиот животен стил;почнете да се храните поздраво, ги земате вистинските додатоци во исхраната и строго го следите вашиот пропишан третман, вашите шанси да уживате во подобар вид долги години значително ќе се зголемат.

ТЕКСТ И ФОТО: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.