Хелико-бактеријата е многу опасна: Ако ја лечите на овој начин, ќе го намалите ризикот од рак на желудник!

Научно докажано

Научниците тврдат дека оваа терапија уништува Хеликобактер

Хелико-бактеријата предизвикува инфекција што денес ја има половина од популацијата, најчесто се населува во желудникот, а го зголемува ризикот од рак на желудник.

Имено, искоренувањето на бактеријата што предизвикува чир на желудникот може да ги преполови шансите за рак на желудник кај луѓето во чии семејства некој член имал ваков тип канцер.

Рак на желудникот во семејството подразбира двојно или тројно поголем ризик за рак на желудник, а ризиците се поголеми кај луѓето кои се заразени со хеликобактер, наведува тим на научници во магазинот New England Journal of Medicine.

Новото истражување што опфатило околу 1676 доброволци и траело околу 9,2 години, било обид да се дознае дали искоренувањето на бактеријата со помош на два антибиотика и лекови што го блокираат создавањето желудочна киселина, може да го намали ризикот од канцер.

Ризикот од канцер е намален за 55 отсто

Од 844 лица на плацебо терапија, 2,7 % развиле рак, додека кај групата што била на терапија со антибиотици, ракот се појавил само кај 1,2 отсто.

Во 30% од случаите, терапијата со антибиотици не ја уништила хелико-бактеријата. Но ризикот се намалил на 0,8 отсто, што значи дека имале 73 отсто помали шанси за појава на рак на желудник.

„Резултатите се добра вест, бидејќи сметаме дека еднонеделното или двонеделното земање антибиотици може да спречи рак на желудник“, изјавил авторот на истражувањето д-р Ил Ју Чои од јужнокорејскиот национален центар за борба против рак.

Тој вели дека мудро би било  луѓето кои имаат член од семејството што боледувал од рак на желудник, да направат гастроскопија и тест за хелико-бактерии.

„Ако постои зараза, треба да се лекува“, открил тој.

Тестот за бактерии со брис од уста може да покаже дали терапијата со антибиотици делувала. Во 10 до 30% од случаите во кои бактеријата ја победила терапијата, треба да се пробаат други лекови.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.