Главните непријатели на зглобовите: Производи што им наштетуваат

Сведете го ризикот на минимум

Можностите и јачината на зглобовите се огромни! Според резултатите од различни истражувања, човекот користи само 15% од овој ресурс. Уништувањето на коските и на зглобовите најчесто не е поврзано со стареењето, туку со начинот на живот.

За да се ослободите од болката и да спречите уништување на коскениот систем, важно е да ги исклучите од исхраната производите што се штетни за зглобовите

* Маринади и чадено, брза храна и грицки. Овие производи ја задржуваат течноста во организмот, што предизвикува отоци и ја зголемува тежината. А тоа го зголемува оптоварувањето на зглобовите.

* Производи што содржат пурин. Тука спаѓаат мрсната риба и месото, мешунките, црниот чај, кафето, какаото, чоколадото. Во случај на вишок пурин, се нарушува метаболизмот, расте нивото на мочната киселина – се развива гихт. При компликации на оваа болест, зглобовите стануваат помалку подвижни и се појавуваат силни болки.

* Газирани пијалаци. Вишокот фосфат што го содржат ја нарушува рамнотежата на калциумот и фосфорот, всушност – калциумот се измива од коските. Ова може да предизвика остеопороза и деформациска артроза.

* Слатки и печива. Доколку пречесто јадете слатки, во организмот се намалува синтезата на колагенот, поради што се уништуваат зглобовите. Печивото содржи квасец, богат со пурин, а тој предизвикува развој на гихтозен артиритис.

Проблемите со зглобовите се најголемата закана во денешно време. И тука не станува збор само за возраста – болестите почнуваат да се развиваат поради разни трауми, воспалителни процеси, наслаги на сол и друго. Но има и добра вест: ризикот од заболување на зглобовите може да се намали. Најважно е да знаете од што треба да се чувате за да ви бидат здрави зглобовите што е можно подолго.

НЕУДОБНИ ОБУВКИ

Широки или, напротив, премногу тесни обувки, сандали без потпетици, меки балетанки, гумени чизми… сето ова е сериозно искушение за зглобовите. Поради спуштениот лак на стапалото (рамни табани) доаѓа до неправилно распределено оптоварување и, како последица на тоа, до деформација на зглобот.

Премногу високи потпетици го зголемуваат оптоварувањето на колената. Безбедната висина на потпетицата се пресметува на следниов начин: должината на стапалото поделете ја со седум. Обувките мора да бидат издржливи и удобни.

Имајќи го предвид фактот дека не сме постојано во состојба да си обезбедиме ортопедски обувки, секогаш можеме да најдеме висококвалитетни ортопедски влошки по прифатлива цена. Тие овозможуваат правилно да се распредели оптоварувањето на стапалото.

ЛЕКУВАВМЕ – НЕ ИЗЛЕКУВАВМЕ

По прележана настинка и инфекција што не сме ја излекувале целосно или воопшто не сме ја лекувале, секогаш постои ризик од компликации во форма на артритис и ревматски заболувања. Ова се случува како последица на пробивањето на инфекцијата во зглобната вреќичка, тетивите и ‘рскавицата.

Вакво нешто се случува по ангина, кога пациентите одбиваат да земаат антибиотици од страв од несакани ефекти, но без да размислуваат за можните последици за зглобовите.

Тука би сакала да ја споменам и бактеријата кламидија. Имено, кламидијата и болестите на зглобовите се тесно поврзани, бидејќи сексуално преносливите инфекции се меѓу првите што влијаат на состојбата на зглобовите. Затоа однесувајте се сериозно спрема заштитата и изборот на интимниот партнер и почитувајте ги правилата за лична хигиена.

Исто така избегнувајте контакт со пердувести животни, особено со диви (гулаби, папагали, мисирки, патки…), бидејќи и тие исто така се преносители на оваа бактерија – човекот може да ја добие со вдишување или по каснување од птица.

ЖИВОТ СО МАЛКУ ДВИЖЕЊЕ

Поради седечка работа, мускулите што ги опкружуваат зглобовите слабо се заситуваат со кислород. Во исто време, тие не ги добиваат потребните хранливи материи, а зглобната чаша во која зглобовите се наоѓаат како во ќесе – се суши. Тоа е причина за чкрипење и крцкање. Правете по две-три вежби за истегнување секое утро и што е можно помалку користете го лифтот – на крајот на краиштата, скалите се одличен бесплатен тренажер.

Текст: интернистка Марина Александровна Нефедова и Светлана Козлова, општа лекарка за „Руски доктор“

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.