Гастроентеролозите откриваат како изгледа „идеалната“ столица: Обрнете внимание на ОВАА трага во тоалетната школка!

Веднаш одете на лекар доколку забележите промена

Слушањето на сопственото тело никогаш не е лоша идеја

Можеби не мислите дека вашата столица е тема на која вреди да ѝ посветите внимание, но секое одење во тоалет, всушност, може да открие многу за вашето здравје. Едноставно е – тоа што го јадеме и начинот на кој функционира нашето тело, на крајот завршува во столицата, па така, понекогаш вреди да се погледне пред да се пушти вода.

Ако сте забележале дека вашата столица се лепи за тоалетната школка, тоа може да биде знак дека вашето тело се обидува да ви каже нешто. Иако понекогаш нема причина за загриженост, вреди да се обрне внимание на промените. Во продолжение, гастроентеролозите објаснуваат што значи кога столицата ќе стане леплива и кога е време да посетите лекар.

Столицата се лепи за школката, но изгледа нормално

Понекогаш тоа е потполно безопасно – само нормална варијација. Меѓутоа, лепливата столица може да укажува и на исхрана богата со масти, незадоволена потреба за влакна, лоша апсорпција на масти (стеатореја), целијакија или проблеми со панкреасот и несакани последици од лекови. Ако ви се случи ова и трае една недела, внесувајте повеќе влакна (овошје, зеленчук, интегрални житарки), вода и намалете ја количината на масна, ултрапреработена храна. Ако ништо не се смени по една недела – одете на лекар.

Столицата е леплива и црна

Црните столици може да бидат резултат на додатоци со железо или лекови. Но темната столица како катран, може да биде знак на крвавење во дигестивниот систем, најчесто во желудникот или тенкото црево. Ако е црна, масна или слузеста, трае долго и проследена е со општа слабост, треба да се посети лекар.

Столицата е црвена

Столицата може да биде црвена поради храна како што е цвекло, домат, црвено месо и храна богата со железо. Но ако столицата е исклучително црвена или изгледа како крв – особено ако е придружена со болка, вртоглавица, забрзан пулс или повраќање – треба веднаш да се побара медицинска помош. Па така, ако црвената столица потрае дури и откако сте ја промениле исхраната, време е за преглед.

Како изгледа „идеалната“ столица?

Докторите велат дека совршената столица изгледа како мазен, мек „колбас“, лесно излегува, има средна до темно кафена боја и полека тоне (не плови постојано). Исто така, повремените промени се нормални.

Кога да се загрижите?

Побарајте лекарска помош ако:

  • Промените траат повеќе од една недела.
  • Столицата изгледа црно како катран.
  • Забележите крв, болка, намалување на тежината, слабост или мачнина.

Можеби ова не е најпријатната тема, но треба да се знае дека столицата е едноставен и бесплатен здравствен сигнал!

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе