Еве што значи кога маснотиите се таложат на стомакот, рацете, колената или на бутовите: Наслагите ви покажуваат дека претерувате со ова!

Што ви открива телото за вас

Внимателно погледнете го вашето тело

Маснотиите што се содржат во еден или друг дел од телото укажуваат на тоа дека во телото постои некакво нарушување.

Масни наслаги на колковите

Ако забележите дека на колковите ви се појавиле масни наслаги, тоа укажува на тоа дека тироидната жлезда е нарушена, а маснотиите ги принудуваат тироидните хормони да се таложат на тие места. За да го спречите понатамошното таложење маснотии на овие места, не е доволно само да држите диети, туку мора да одбегнувате и употреба на тешките метали што се наоѓаат во водата од чешма и пастата за заби. Ако веќе се во телото, треба да се обидете да ги отстраните што е можно побрзо.

Стомачно сало

Веројатно сте забележале дека маснотиите може да се таложат на стомакот дури и кај слабите луѓе. Тоа сугерира дека личноста веќе подолго време доживува голем стрес. Научниците долго време забележуваат дека во случај на стрес и депресија, масните наслаги се појавуваат, пред се’ на стомакот. Прво мора да го доведете во ред нервниот систем. Се препорачува да пиете што повеќе чаеви што ги смируваат нервите. Дури тогаш ќе можете да се ослободите од насобраните маснотии на стомакот.

Масни наслаги на грбот и на бутовите

На жените со маснотии на грбот им е многу тешко да одберат облека, на пример, не можат да облечат припиен фустан или секси долна облека со тантела. Масните наслаги на бутовите и грбот укажуваат на тоа дека многу јадете производи од брашно и благо, кои содржат голема количина на јаглехидрати. Како резултат на тоа, почнува да се произведува голема количина на инсулин во крвта. За да се ослободите од маснотиите на овие места, само треба да се откажете од простите јаглехидрати, на пример, белиот леб треба да го замените со леб од житарки, а благото со мед и со овошје.

Маснотии на колената

Многу жени едноставно не обрнуваат внимание на таквите масни наслаги. Овој недостаток воопшто не ги попречува да носат разни модни парчиња, освен тоа подебелите колена и колкови успешно може да се сокријат со панталони. Сепак, треба да се знае дека маснотиите на овие места настануваат поради прекумерно консумирање солена и слатка храна. Како резултат на тоа, вишокот течности почнува да се акумулира во телото во пределот на колената. Решението е да ја сведете количината на солена и слатка храна на минимум. Покрај тоа, се препорачува еднаш неделно да јадете храна без сол.

Масни наслаги на градите, надлактиците и внатрешноста на бутовите

Овие места зависат од хормоните, а маснотиите што се акумулираат во тие делови од телото укажуваат на тоа дека крвта содржи голема количина на женскиот хормон естроген. Во овој случај, треба да посетите гинеколог-ендокринолог, кој ќе ви препише соодветна терапија.

3 митови за согорување на маснотии во кои мора да престанете да верувате
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.