Еликсир на животот: Ги крева на нозе и најболните пациенти!

Руски рецепт

ФОТО: Shutterstock

Оваа напивка е стар руски рецепт што им помага на тешко болните или исцрпени луѓе да си ја вратат енергијата

Русите сметаат дека овесот или зобот е храна на кралевите. Често го користат во вид на каша или како чај. Задолжителен е во исхраната на децата. Се верува дека руските деца се здрави и силни, благодарение на нивната навика да консумираат овес и рибино масло.

Ви го откриваме еден од најдобрите рецепти за лекување и зајакнување на човечкото тело.

Приготвување:

Додајте една чаша овес со цело зрно во 5 чаши вода, па ставете го на рингла да се вари додека не добиете течност густа како желе.

Исцедете ја течноста, па додајте подеднаква количина млеко (околу 2 чаши). Вратете ја повторно на рингла за да зоврие течноста уште еднаш.

Добиената напивка консумирајте ја во мали голтки во текот на денот. Без разлика дали ќе го пиете топло или ладно, овесното млеко има ист ефект: болните луѓе ги крева на нозе!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.